Хуманоста на градоначалникот на дело

Градоначалникот уште еднаш ја покажа својата хуаност. На седмоодделенката Маргарита Христоска која боледува од церебрална парализа денска и подaри компјутер. Неизмерна беше радоста на Маргарита што некој помисли на неа и што конечно ќе може да шири познанаства поточно да се допишува со нејзините врсници.   

 |  Татјана Маленкова  | 
Margarita Hristovska
Маргарита Христовска

Другарството, љубовта и хуманоста на едно место. Писмо – причина градоначалникот да ја покаже на дело својата хуманост. Имено другарчињата на седмооделенката Маргарита Христовска од селото Велмеј која учи во ОУ во Косел, сакајќи да ја израдуваат заедно со класниот раководител, до  градоначалникот испратиле допис во кој од него побарале Локалната да набави компјутер за Христовска која боледува од церебрална парализа. Писмото го испратиле на 3 декември 2009 год на денот на хендикепираните лица.  Оваа порака очигледно била испратена на право место во право време. „Формите на помош што ги прави локалната за овие лица се различни.  Овој пат се одлучивме за компјутер затоа што сметаме дека на деца на кои им  се ограничени движењата , со компјутерот може да се во контакт со целиот свет“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Класниот раководител на Христовска, инаку професор по македонски јазик со задоволство проговори за Маргарита, за тоа какво дете е и каков ученик е таа.

Инаку, ова не е прв случај градоначалникот  да помогне на некој од оваа категорија наши сограѓани. Неодамна компјутер му врачи и на Даниел Нунески од Пештани, кој покрај хендикепираноста активно се занимава со шаховски спорт,а има голем интерес и за учење.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top