Хуманитарна акција на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Скромна помош за неколку Охридски семејства. ОК на ВМРО ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Божик, спроведе хуманитарна акција.

 |  Татјана Маленкова  | 
humanitarna pomosh
хуманитарна помош

humanitarna pomoshСкромна помош за неколку Охридски семејства. ОК на ВМРО ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Божик, спроведе хуманитарна акција. На три социјално загрозени семејства им беа подарени социјални пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена.
„ Континуитетот на правење хумани дела ќе продолжи и понатаму. Ние сме народна партија и токму поради тоа, треба да сме постојано тука за потребите на нашите граѓани, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов.
Социјалните пакети се подготвени од средствата собрани на хуманитарниот коктел, кој оваа партија го организираше минатата недела.  
Годинешната хуманитарна акција на ВМРО ДПМНЕ е продолжение на акциите, кои оваа партија ги започна пред една година. Целта е, за поголемите верски или државни празници, одредени социјално загрозени семејства, да можат да почувствуваат дел од празничната атмосфера.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top