Хуманитарна акција во гимназијата „ Св. Климент Охридски“

Организирана хуманитарна акција во општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“. Во духот на празниците кои следуваат учениците донираа тестенини.

 |  Наташа Размоска  | 
humanitarna akcija
хуманитарна акција

humanitarna akcijaХуманоста е доблест која треба да се развива и надоградува во секоја прилика. Пример за тоа се учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“, кои денес организираа хуманитарна акција. Со голема желба и ентузијазам, учениците кои го изучуваат италијанскиот јазик беа организатори на овој настан. Сите на различен начин придонесоа за успешна реализација на оваа акција. Дел од нив донираа тестенини, ученикот Иво Секуловски ги дизајнираше и ги изработи плакатите, а заедно со Марија Тодоровска и Ангела Јанкуловска, овој настан го овековечија преку своите фотографии.

За првпат, во нашето училиште се организира ваква акција од поголем карактер, вели проф. Милијана Машановиќ. Мотото на истата е „од тестенини никогаш доста“.  Оваа акција е одобрена од министерството за образование и е реализирана во соработка со црвениот крст од Охрид.

Потребата од вакви акции е огромна и истите се  секогаш добредојдени. На ваков начин сме во можност да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно, а ги има многу. Ова училиште планира слична ваква акција за денот на вљубените, најави проф. Машановиќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top