• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Хуманитарниот концерт во Центарот за култура, не ги исполни очекувањата на организаторите

Хуманитарниот концерт во Центарот за култура, не ги исполни очекувањата на организаторите

Организаторите на хуманитарниот концерт  не се задоволни од собраните средства. Велат дека очекувале многу повеќе донации од охриѓани, со оглед на целта која имаше овој концерт.

 |  Мишел Наумоски  | 
humanitaren koncert
хуманитарен концерт

koncert poplavi22.400 денари и околу 5000 денари во храна е се што охриѓани донираа на големиот хуманитарен концерт за помош на поплавените подрачја во Македонија кој синоќа се случи во Центарот за култура „Григор Прличев“.  Дарко Мојсоски, еден од организаторите вели дека се разочарани од собраните средства и дека очекувале многу повеќе со оглед на целта на концертот, како и на звучните имиња кои настапиле. Очекувале да соберат барем 60000 илјади денари од карти и уште 20ина илјади во донации. Мојсоски додава дека сеуште не ја знаат точната донација од локалните фирми. Инаку денес имаше голем број поплаки од граѓаните дека салата во Центарот за култура, како и за претходниот концерт, така и за овој не била затоплена. И покрај ладната сала, сепак во Центарот за култура се случи прекрасен три часовен концерт, во кој охриѓани уживаа со музиката на  Ѓоко Танески, Бекдор бенд, Камелеон, Ирма Гогова, Натали Илијоска, Дамјан Пејчиноски, Група Романса, Street Spirit, Betty’s Boobs, Виктор Јолакоски и Ангела Николоска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top