„Лајонс клубот Десарети“ Охрид на Центарот за дијабет му подари ТВ и ДВД плеер.
Лајонс клубот Десарети Охрид има постојано програма за подршка на Центарот за дијабет и во борбата против шеќерната болест.
Денес членовите на клубот му подарија на центарот телевизор и дивиди плеер за болните од оваа болест да се информираат како да се борат од несаканите последици од ова заболување. Регулираниот дијабет не е проблем туку само нерегулираниот кој доведува до непоправливи проблеми по здравјето на пациентите велат лекарите. Со следење на специјална презентација, пациентите додека чекаат преглед ќе се информираат за правилна примена на инсулинот. Покрај овој проект, тие дистрибуираа и флаери до матичните лекари со кои сите пациенти ќе се информираат како да се заштитат од ова заболување. Членовите на „Лајонс Клубот Десарети“ не застануваат со овој проект туку работат и на изработка на компјутерска програма. Со тоа дијабетичарите ќе можат да го подготват правилно своето мени, а ќе ги содржи податоците која храна колку хранливи единици има.
Од здружението на дијабетичари се крајно благодарни на гестот на членовите на Лајонс клубот Десарети. Димче Панџак претседател на охридското здружение на дијабетичари потенцира дека граѓаните заболени од дијабетес на овој начин ќе имаа можност преку слика и збор да се едуцираат. Тој кажа дека во Охрид се евидентирани околу 4000 дијабетичари,од кои половината се на инсулинска терапија.
Од името на јавната здравствена установа „Општа болница“ Охрид подарокот го прими началникот на интерното одделение д- р Сашо Василески. Тој им се заблагодари на членовите на Лајонс клубот Десарети , а при тоа напомена дека Центарот за дијабет е единствен по многу нешата во земјава и е прогласен за најдобар во 2009 година. Д- р Сашо Василески ги кажа и идните планови на болницата , Центарот за дијабет да прерасне во Центар за метаболни нарушувања. Во периодот кој следува центарот ќе се доопреми со медицински кадар и соодветна апаратура.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град