Хрватите „Судар перкашн“ на Охридско Лето

Познати теми од класичната, филмската музика и театар за удирачки инструменти, на репертоарот на Охридско лето. Публиката вечерва во предворјето на црквата „Св Софија“ ќе има ретка можност да ги слушне атрактивните музичари на популарниот хрватски ансамбл „Судар Перкашн“, кои ветуваат концерт за паметење.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Вечер на сцената во Предворјето на црквата „Св Софија“ ќе настапи популарниот хрватски ансамбл „Судар Перкашн“. Тие се за прв пат во Македонија на фестивалот Охридско Лето. Музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, истакна дека продолжуваат и понатаму да ги бараат уметниците кои што досега не биле на фестивалот, а низ цел свет прават концерти за паметење и претставуваат на свој начин вистинска атракција.

„Во нашата меѓусебна комуникација тие предложија два проекти. Едниот беше рок-ин, тоа им е понов проект, во кој што изведуваат обработка на нивните удирачки инструменти на познати теми. Првиот проект „Eat Suite“ ќе биде вечерва на програмата на Охридско Лето, за кој што овој ансамбл е номиниран 6 пати на „Индипендент мјузик авордс“ и има добиено две награди во Америка“ – вели Неделковска.

Членовите на ансамблот „Судар Перкашн“ со нетрпение го чекале вечерашниов концерт за да се претстават пред македонската публика како што изјави, Горан Горше.

„Патот беше долг и напорен, но веднаш го заборавивме тоа, штом стигнавме во Охрид и го видовме прекрасното Охридксо езеро и прекрасниот народ. Местото на кое ќе свириме, каде што ќе ја изведеме програмата на концертот се наоѓа пред црквата „Св Софија“, очекуваме голем број на луѓе на концертот, добро ќе се забавуваме и публиката ќе ја осети нашата енергија, која успеваме да ја пренесеме на луѓето“.

Младиот Никола Синковиќ истакна дека планирале да направат многу интересни обрабтки на нивните специфични ора и танци и се надева дека ќе имаат можност тоа да го претстават во некоја друга прилика. Тој се надева дека можеби ќе обработат некој аранжман и од македонскиот мелос.

„Но сепак многу ни е мило што отидовме во еден друг музички звук, малку повеќе кон електронски…еве во аранжманите на еден од најпознатите творци на новиот звук Жан Мишел Жар, за кој верувам дека многумина слушнале и заборавиле на неговиот звук…, така да свирејќи пред некој ден во Славонски Брод кога за прв пат го изведовме тој аранжман, ни пријдоа луѓето и ни кажаа дека го заборавиле тој звук и дека мило им е што повторно се потсетиле на нивните денови од младоста

Инаку „Судар перкашн“ е формиран во 2010 година, со интенција да го поттикне развојот и создавањето музика за удирачки инструменти. Во него членуваат млади професионални музичари кои се стремат кон популаризирање на овие инструменти кај младите преку работа на иновативни проекти. „Судар перкашн“ досега соработувал со некои од најголемите имиња од светската удирачка сцена и музичката уметност воопшто, меѓу кои и композиторот Матеја Мештровиќ , соработка која резултирала со бројни концерти и настапи на еминентни фестивали на Балканот. На вечерашниот концерт т ќе бидат изведени дела на Мештровиќ, Моцарт, Менке, Жан Мишел Жар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top