Штетното влијание на издувните гасови, голем проблем и во Охрид. На оваа тема денес во просториите на Црвениот Крст, се одржа трибина во присуство на претставници од повеќе институции. Седми април светскиот ден на здравството не случајно беше избран како најпогоден термин за почеток на кампањата, која што ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, смета претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, и додаде дека комплетно ја имаат нивната поддршка.
Подигањето на свеста кај населението од штетноста која што се случува заради движењето на моторните возила и испуштањето на издувните гасови, како активност на ОСБСП, е согласно годишната програма на Советот на општина Охрид. Томислав Тунтев ја потенцира целта на ваквата одлука на советниците.
Причината за хроничните болести најчесто лежи во штетноста на издувните гасови на моторните возила. Најизложени на нив се децата и старите лица. Најпогодна дефиниција за опасноста од ова зло е хронично труење, смета Др. Лидија Симоноска.
И велосипедистите се вклучија во оваа кампања. Александар Јованоски претседателот на В.К. „ЕКОДРОМ“, рече дека сериозно треба да се размислува на оваа тема, посебно за младите и нивното насочување кон спортот.
Здравствените работници кои беа учесници на денешната трибина, сметаат дека градоначалникот на Охрид, треба сериозно да размислува во градов да се постават апарати со кои ќе се мери нивото на концентрација на јаглеродниот диоксид од издувните гасови на возилата, така што секој ќе може да ги чита. Ова искуство во светски рамки се применува насекаде, додаваат тие.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град