Се празнува раѓањето на Спасителот во храмовите низ земјава, но и низ светот. Во црквите се пејат светите евангелија, луѓето му се молат на Спасителот за мир, здравје, среќа.
„Небото ја принесува ѕвездата на Бога, мудреците му принесуваат злато,ливан и смирна на младенецот, на Бога, земјата му принесува пештера, а ние на Бога му ја принесуваме Богородица, мајката Божја“ вели Отецот Диме од „Дебарско-кичевската митрополија.
Раѓањето на Исус Христос треба да го избави човештвото од гревовите и да го издигне паднатиот човек. Светите молитви, мирисот на темјан кој се шират од секој храм допринесуваат за една вистински празнична атмосфера. Вториот по големина христијански празник се дочекува со богати трпези по домовите.
„Славењето на Божиќ не е одење на гости, празнување на една богата трпеза и јадење и пиење. Значи ние треба ако Земјата му принела пештера на Христа, богомладенецот, тогаш ние да му ги принесеме нашите срца, нашите души на Христа односно да ги отвориме нашите срца и Христос да се всели во нашите срца“-вели Отец Диме.
Со желби за многу здравје, радост и среќа граѓаните го дочекаа овој голем ден, денот на Христовото раѓање. Бог му вети спасение на родот човечки и на овој голем празник се извршува таа промисла Божја.
Нека ни е честит Божиќ!
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град