Фирмата која треба да ја спроведе акцијата е веќе одбрана, вели градоначалникот Александар Петрески. Списокот на спорните објекти раководителот на инспекциските служби, сеуште се чува во тајност.
Градоначалникот останува на ставот дека се што е дивоградба ќе се руши без селективност. Тој најави дека конечно ќе се стави ред на самоволието на граѓаните, кои доградуваа без дозволи. Сите доградби, поткровја за кои се нема соодветна документација, ќе бидат срушени, вели Петрески.
„Сигурно ќе се руши она што никогаш не може да се легализира. Знаеме дека поткровја не се дозволени и никогаш во Охрид во стариот дел нема да бидат дозволени.
Списокот го прави раководоителот на инспекциските служби Танас Танасоски, задно со заводот и несакам да навлегувам колкав е тој список и кои се тие луѓе, затоа што несакам да има субјективизирам во целата работа. Да го направиме она што е потребно за Охрид и да остане град на Унеско и да не се шират дезинформации дека може да биде избришан“, вели Петрески.
Во акцијава за рушење на дивоградби нема да биде опфатен само стариот дел на Охрид, туку целиот град. Од Варош ќе започнеме, но ќе се руши се она за што сопствениците немаат документација, вели градоначалникот.
На секој објект конзерваторски надзор и следење на градежните работи вршат од завод и музеј. За сите неправилност ја известуваат градежната инспекција при управата за заштита на културното наследство. Од таму прават записници и контактираат со градежната инспекција. Тука завршуваат ингеренциите на заводот за заштита на спомениците на културата. Работата со дивите градби понатака е во рацете на градежниот инспекторат, кој годиниве само носеше решенија за рушење кои не се спроведуваа.
„За сите дивоградби имаме поднесени пријави до градежната инспекција“, вели директорот на завод и музеј Тања Паскали.
Останува да видиме дали акцијата која помпезно се најавува, кога ќе се реализира.
Списокот за бројот на дивоградби е анонимен за јавноста. Неофицијално ТВМ дознава дека на спосокот кај раководителот на инспекциските служби Танасоски, запишани се само 17 дивоградби за рушење, а од нив повеќето биле дрвени бараки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град