Докторите специјалисти од оваа област апелираат државата да поведе поголема сметка за реализација на истражувањата за тоа колку храната влијае на појава на оваа болест. Загрижувачко е што секоја година бројот на заболени жени расте, а се зголемува и бројот на мажи кои имаат карцином на дојка.
Колку храната има влијание врз појавата на карцином на дојка. На оваа проблематика Д-р Јашар Џенгис од клиничката болница „Аџи Бадем“- Систина работи години наназад и дошол до фрапантни податоци. Тој заклучил дека одредени производи како што е конзервираната храна и производите кои се од животинско потекло и тоа како можат да го забрзаат развојот на оваа болест и да извршат мутација на здравите клетки во организмот.
Всушност самата храна, но и начинот на кој се подготвува, амбиентот во кој се чува, лошите навики кои ги имаме при нејзиното конзумуирање, мешање на јаглени хидрати со белковини, сето ова придонесува за поголем ризик од појава на оваа болест, вели Д-р Џенгис.
Д-р Џенгис не е задоволен од активностите кои во државава се превземаат за пратење и истражување во областа на здравата храна и појавата на карцином на дојка. Тој вели дека со оваа проблематика се занимаваат само поединци, а потребно е создавање на еден поширок тим од преставници на повеќе институции кој заеднички ќе работи за да дојде до точни сознанија во оваа област.
Се работи за проект кој бара многу поголем обем на испитување отколку она што е досега направено . Сите досегашни објавени студии се со штури податоци кои не покажуваат нешто конкретно или пак кои веќе претходно се објавени во студиите направени од светски стручњаци, дециден е Д-р Џенгис.
Докторите советуваат да се вложи што повеќе напор во превенцијата од вакви болести бидејќи во Македеонија минатата година 750 лица заболеле, а 293 завршиле фатално. Ракот на дојка во последните години бележи подем и кај мажите. Процентот е помал, но сепак го има. Минатата година имало 50 мажи заболени од карцином на дојка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град