ХПВ вакцината има позитивно влијание

Сепак постои начин да се заштитиме од ХПВ инфекцијата, е ставот на стручните лица од областа на медицината.

Караванот кој е дел од кампањата за превенција од ХПВ вирусот, помина и во Охрид. Неговата цел е да  даде до знаење дека постои начин како да се заштитиме од ХПВ вирусот, кој што е многу раширен, а  е причинител за појава на рак на грлото на матката.  Вакцината која практично е внесена во редовниот календар за имунизација во сите развиени земји, конечно станува достапна и за нас. „Ова е вистинскиот чекор кон заштита од оваа појава. Сметам дека е многу важно младите да бидат информирани зошто само така го заштитуваат своето здравје. Единствено на овој начин во иднина ќе обезбедиме поздрави млади генерации, кои ќе имаат квалитетен живот, Мој апел е дека секој треба да ги послуша советите на експертите и навреме да се информира. Никако не смееме да ја пропуштиме шансата да го заштитиме своето здравје. Доколку не превенираме навреме, душевната физичката и финансиската мака ќе ни станат многу поголеми“. вели Ирена Спировска, поддржувач на кампањата.

Кампањата за ХПВ вакцинација тече веќе од 2008 год. со тоа што започна како кампања на Министерството за здравство каде беа доделени бесплатни вакцини за девојчиња од 9 – 26 год. „Таа кампања успешно заврши, со тоа што беа дадени сите предвидени вакцини. Сега во овој втор дел вакцинацијата за ХПВ стана задолжителна за девојчињата од 12 год. Сите здравствени организации кои се лиценцирани да ја даваат истата добија нови дози од вакцината. Интересот сега слободно можам да кажам дека е многу поголем, а тоа се должи исклучиво на информираноста на населението. Од досегашното искуство можам да потврдам дека по давањето на трите дози од вакцината не постои ризик, ниту било каква опасност, токму поради составот, Вакцината е квалитетна, добиена со генетски инженеринг, при што не го содржи самиот вирус на ХПВ што е многу важно. Таа содржи само честичка која е добине од квасни габи кои се слични на вирусот и со давањето само го стимулираат организмот да создава антитела кои ќе го штитат од 4 најчесто застапени типови на вирусот ХПВ,  вели Д-р Оливера Арнаудова, гинеколог акушер.
Релативно млади жени заболуваат од рак на грлото на матката. Ризик фкатори за оваа појава најчесто се: ниската култура на едукација, чести промени на сексуалните партнери и некористење на заштита при полов однос. ХПВто претставува вирус кој што нејчесто се пренесува преку полов однос, а ги напаѓа и мажите и жените. Се смета дека дури 50% од сексуално активните лица во светот, биле во контакт со овој вирус или ја имале инфекцијата, „Одговорно сексуално однесување, како и редовни гинеколошки контроли можат да помогнат во превенцијата од оваа појава. Препорака од Европското здружение на гинеколози е дека со вакцинацијата се стимулира добар имунолошки одговор. Во светот досега се аплицирани над 5 000 000 дози. Вакцината можат да ја примат и мажи и жени. Жените на возраст од 9 – 26 год. а мажи од 9 – 15 год, истакна во своето излагање Д-р Сашо Љушев.
Најпрепорачливо е вакцината да се прими пред да се стапи во сексуални односи за да има време да се развие добар имунолошки одговор. Истата се инјкетира со цел при контакт организмот да може да се активира за да спречи инфекција. „Оваа вакцина не се дава само во неколку случаи:  во случај на реакција од првата доза, при висока температура и при бременост. Кај жени кои се сексуално активни потребно е да се направи ПАП тест“, посочи Д-р Љушев.
„Караванот помина во 10тина градови низ Македонија, и секаде поттикна голем интерес. Од прашањата на посетителите всушност откриваме колку се тие недоволно информирани за корисноста од ХПВ вакцината“, потенцираа организаторите на трибината. Охриѓани пак како воопшто да не ги засега оваа појава која навистина зема се пошироки размери, или пак сметаат дека се добро информирани, па присуствуваа во минимален број од едвал 20 тина посетители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top