Хотелиерите на охридско-струшкото крајбрежје многу малку инвестираат во своите капацитети поради што домашните гости се повеќе одморот го минуваат во странство сметаат од Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија сметаат. Од ХОТАМ го негираат тоа велејќи дека целиот профит го инвестираат во нови содржини во хотелските капацитети. Проблемот за намалениот број домашни гости го лоцираат на друго место.
Хотелите во Охрид и Струга во ништо не инвестираат. Немаат спа центри, сауни, фитнес клубови, а и собите не се реновирани, смета Аркан Керим, претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Тој додава дека посебно домашните туристи поради тоа повеќе одат во Грција и Бугарија, наместо во Охрид, Струга. Керим смета дека за претстојниот празник, Први мај околу 150.000 – 200.000 македонски граѓани ќе отидат во Грција, наместо да ги посетат нашите туристички центри, а минатата година 470.000 македонски туристи биле во Бугарија.
Не е точно тоа, ние не се согласуваме со констатацијата дека хотелиерите не вложуваат во своите капацитети. Целиот профит што го имаме го инвестираме во самите објекти. Најголемиот дел од нив го имаат сменето целосно својот лик и имаат внесено голем број содржини кои ги бараат гостите, вели претседателот на ХОТАМ- Крсте Блажески.
Претседателот на ХОТАМ кажува дека имаат голем проблем што нема ДУП За целото крајбрежје кое е со должина од 86км па така се оневозможени да градат било какви нови содржини. Додава дека за дозвола за доградба на некој хотелски капацитет чекаат и по неколку години. Апелира државата и општините да изнајдат механизми овај проблем да се реши. Развојот на туризмот е од општо добро за економијата во земјава затоа од ХОТАМ бараат подршка од сите субјекти. Задоволни се што државата одреди субвенции за хотелиерите но не се согласува со изјавата на претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија кој неодамна рече дека ако државата ги укине субвенциите, македонските хотелиери не се подготвени да опстанат.
Самата статистика покажува дека 2008год. беше најуспешна по бројот на ноќевања, а тогаш немаше субвенции тие почнаа од 2011год. Субвенциите ни се од голема помош, но сигурно нема да пропаднеме и без нив, вели Бклажески.
И од Комората и од ХОТАМ очекуваат бројот на туристи годинава да биде поголем од лани за 10 до 15 проценти, но истакнаа дека актуелната состојба во државава не ни оди во прилог бидејќи и најмалите превирања во земјата, лошо се одразуваат врз туризмот и многу лесно влијаат на странските гости при избирањето дестинации.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град