Хотелиерите „суви“, за приватните стано-издавачи Нова година

По завршувањето на  новогодишните празници угостителските работници ги сумираат резултатите.

 |  Валентина Нелоска  | 
ugostitel
угостител

По завршувањето на  новогодишните празници угостителските работници ги сумираат резултатите.  

restoran DalgaПоголемиот дел од нив се задоволни од посетеноста на странските гости, но се согласуваат  дека има потфрлање во однос на минатата година. Лани   немаше проблеми со пандемијата и економската криза, а и додатно визната либерализација кои влијаат на сегашната ситуација во туризмот. Покрај наведените три причини, познатиот охридски угостител  Љупчо Патчев, сопственик на ресторанот Далга, смета дека за намалената посетеност влијае  отсуството на Стратегија за туризам, на локално и на централно ниво. Тој го посочува и  фактот дека отсуствува  меѓусебен дијалог на сите  чинители во туризмот. Патчев вели сите работници во туризмот се еснаф и не би требало да се поделуваат. Еснафот треба да се  состанува еднаш месечно за подготвено да се дочекаат гостите со цена или програма.
Првичните анализи и од Агенцијата за подршка и развој на туризмот покажуваат дека на охридско-струшкиот регион  претсојувале  околу 10.000 гости. Најбројни гости на ривиерата и оваа година биле србите, црногорците, бугарите, албанците, косоварите. Во Охрид се враќаат и грците. Сепак, со полупразни капацитети останале поголемите  хотелски објекти. Директорот на Агенцијата за подршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски  смета дека хотелиерите мора под итно да се преструктуираат. Менаџерите мора да настапат маркетиншки и да воведат  нови содржини и пофлексибилни цени.
Констатација на поголем број туристички работници кои сакаа да останат анонимни, порачуваат да не се преценуваат можностите на Охрид туку цените да се прилагодат на стандардот на гостите кои го посетуваат. Станува збор за гости од Блаканските  земји на кои неможеме да им продаваме туризам по светски цени потенцираат тие.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top