• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Хотелиерите и угостителите за 4 години создале 53 тони отпадно масло-за среќа, адекватно го одлагаат

Хотелиерите и угостителите за 4 години создале 53 тони отпадно масло-за среќа, адекватно го одлагаат

Охридските хотелиери и угостители-еколошки свесни-отпадното масло адекватно го собираат и предаваат на овластена фирма за одлагање на ваков отпад.

 |  Мишел Наумоски  | 
maslo
масло

Хотелиерите и угостителските работници од Охрид уредно го одлагаат отпадното масло.

otpadno masloСамо во изминатите 4 години, на ниво на општина Охрид биле собрани околу 53 тони отпадно масло кое потоа било соодветно складирано од страна на фирма овластена од Министерството за животна средина. Поведени од ваквите бројки, Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа го изработи пилот проектот за собирање на отпадно масло кое се генерира при подготвување на храна во домаќинствата. За таа цел, тие уште во Декември минатата година поделија 100 кантички од по три литри, во кои домаќинствата би го собирале ова масло. Денес ја организираа втората акција. Задоволни се од одзивот, но велат дека кај охриѓани сеуште се создава навиката за ваков начин на одлагање на отпадното масло.

Sunilens Skopje„Сакаме проектот да има одржлив карактер и да се создаде навика, домаќинките да не го тураат ова масло во канализацијата или во бавчата затоа што со ваквиот третман на отпадното масло, ќе допринесеме и во заштитата на животната средина, а исто така со овој проект и со оваа постапка, фактички и екологијата се поврзува со бизнисот, затоа што овој вид на отпад понатаму фирмата го обработува, го извезува во ЕУ и од него се произведува биогориво кое се користи како ресурс и нормално имаме фактички затворање на кругот на овој вид на отпад и повторно враќање во употреба на истиот отпад.“-вели Хавза Реџеп-Какељ од Одделението за урбанизам и животна средина при локалната самоуправа.

Претставниците на фирмата „СУНИЛЕНС“ која е овластена за третирање на ваков отпад од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, задоволни од соработката и со хотелиерите и угостителите, но и со физичките лица.

maslo od domakjinstvaВелат дека ова е чекор напред во заштитата на животната средина. Поради се поголемите количини на отпадно масло генерирано од правни субјекти, тие бараат порационално решение за собирање на овој вид на отпад.

„После овој проект ние разговаравме и со општината, односно со одделението за животна средина дека би било подобро да се направи некоја локација каде што луѓето односно правните субјекти би можеле сами да дојдат и да го достават тоа масло. Да не биде онака на договорена средба, затоа што некој го има можеби и претходно собрано, па го чуваат кај себе додека да дојдат на договорениот термин.“-рече Игор Каевски од претпријатието „СУНИЛЕНС“ од Скопје.

Инаку ова е втора акција која одделението за урбанизам и животна средина ја спроведува како дел од овој проект. Првите кантичиња со отпадно масло беа собрани во месец Мај оваа година, додека во денешната акција граѓаните ги заменуваа полните кантички со празни и на тој начин придонесуваа за заштита на животната средина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top