Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници

Охрид за новогодишните празници ќе биде полн. Гости од Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција токму во нашиов град ќе ја испратат старата, а ќе ја дочекаат новата година. Хотелиерите задоволни од исполнетоста на нивните капацитети.

 |  Јаковлева Лионела  | 
hotel
хотел

Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници. Хотелиерите велат дека најголем дел од гостите се од соседните земји и тоа од Србија и Бугарија. Цените за тридневен аранжман се движат од 110 до 150 евра по лице. Од хотелите Метропол и Белви велат дека многу се задоволни од продажбата на аранжманите во овој хотелски комплекс. Кај нив капацитетите се исполнети речиси 100%. Најголемиот дел од гостите се странци кои имаат резервирано тридневни или четиридневни аранжмани, а само 120 лица имаат резервирано само за дочекот на новата година кој чини 27 евра. Во цената е вклучено богато новогодишно мени, неограничен пијалок и забава со познати естрадни ѕвезди. Оваа година хотелите Метропол и Белви во новогодишната понуда внесоа  и една новина.хотел

Очекуваме добра забава, а на 1ви јануари наместо класичен доручек ќе има доручек на плажа каде ќе се подготвува скара и други специјалитети, ќе се служи вино и греена ракија, а ќе има и жива музика која ќе ги забавува гостите, вели Атанас Николоски-преставник на продажба на хотелите Метропол.

И хотелите Климетица ги имаат речиси исполнето своите капацитети за новогодишните празници. Засега 70% од тридневните аранжмани се резервирани. И во овие хотелски капацитети ќе престојуваат главно гости од соседството. Најмногу ќе има од Црна Гора и Бугарија, а на самиот дочек на новата година ќе има и домашни гости.

И оваа година ќе бидеме добри домаќини. Резервациите се веќе пополнети. На самиот дочек покрај странците ќе има и гости од Охрид, Струга и Кичево. Нудиме добра забава, а и со цените сме конкурентни. По новогодишните празници ќе има можност цените и уште повеќе да се намалат, вели сопственикот на хотел Климетица, Љупчо Цветановски.hotel

И останатите хотелски капацитети во градов се речиси полни. Радува фактот што најголемиот дел од гостите се странци, велат од таму. Додаваат дека Охрид полека, но сигурно повторно станува атрактивен за гостите посебно од соседството. Полни се капацитетите и на помалите хотели кои се сконцентрирани на охридскиот кеј. Дел од нив немаат организиран дочек на новата година па нивните гости по се изгледа ќе слават или во локалните ресторани или на плоштад. Хотелиерите велат дека Нова година е само претходница на она што треба да следува. Тие очекуваат уште поголема посетеност за големиот христијански празник,  Богојавление-Водици. За викендот од 17ти до 19ти јануари ќе има и посебни аранжмани со дампинг цени. Едно ноќевање со доручек ќе чини околу 12 евра. Резервации има уште од сега. Хотелиерите оптимистички очекуваат јануари да биде месец за паметење по бројот на гости кои ќе пристигнат во градов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top