Хотелите ќе добијат електрошок

Сите фирми во кои што има повеќе од 100 вработени ќе мора да си набават дефибрилатори, вака одлучи Министерството за здравство

 |  Јаковлева Лионела  | 
sileks
силекс

Апарати за електрошокови, односно дефибрилатори ќе мора да си набават сите фирми во кои што има повеќе од 100 вработени.  Тоа го предвидува новиот Закон за здавствена заштита кој треба да стапи во сила до први јуни годинава. Министерството за здравство деновиве достави известување до фирмите да се снабдат со потребниот медицински апарат, а доколку не го сторат тоа за работодавачите предвидени се казни. Ќе бидат организирани и обуки за 5 вработени од секоја компанија кои би требало да ракуваат со апаратите. Здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи, правосудните органи, единиците на локалната самоуправа,трговски друштва со над 100 вработени, како и хотели со капацитет над 100 легла.
Менаџерот на хотел „Силекс“, Тоше Чочороски вели дека ваквата иницијатива ќе ги иtose cocoroskiзложи на дополнителни трошоци, но ако е законска обврска и тоа за доброто на гостиоте ќе мора да ја почитуваат.
Многу компании не се информирани за овие новини, а оние кои веќе знаат за тоа, се изненадени од одлуката и се распрашуваат колку чинат ваквите апарати. Од веледрогериите велат дека цената на апаратите се движи од 2000 до 3000 евра. Медицинските лица сметаат дека ваквата иницијатива е за поздравување, но до одреден степен.
Доктор Сашо Василевски вели дека ова е сериозен проект и дека треба лицата добро да се обучат за ракување со ваквите апарати. Доктор Васаилески укажува на тоа дека потребата од брзо интервенирање, односно пружање прва помош се до доаѓањето на службата за Итна медицинска помош е многу голема бидејќи статистиката покажува дека во РМ, како и во светски рамки, најголем процент од умрените лица починале токму од болести на циркулаторниот систем. Но, министерството требаше да појасни за какви дефибрилатори станува збор. Всушност тоа не се оние класичните кои ги има во болниците туку надворешни автоматски дефибрилатори. Нив ги има во повеќето западноевропски земји и тоа на аеродромите во супермаркетите, училиштата, спортските сали и секако во големите компании и хотели.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top