Хотел Палас нема да исчезне

Управата за заштита на културното наследсто стави рака врз хотелот Палас.

 |  Валентина Неловска  | 
TVM
TVM

 Управата за заштита на културното наследсто стави рака врз хотелот Палас. Ќе го штити  и чува  карактеристичниот  архитектонски објект, белег на  архитектурата од периодот 1952 -1957 година, проектиран од дип. архитект Едоми Хевц. Решението за  привремена заштита од втор степен е издадено пред шест месеци. За една година треба да се изготви Елаборат за хотелот со кој ќе се издаде трајно решение за заштита. Од хотелот нема да направиме  музеј или да им се одземеме на сопствениците, со решението се ограничуваат интервенциите кои можат да се преземат врз објектот објаснува директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска.

„Објектот да се задржи во постојаниот габарит и висина, со можност да се санира и конзервира фасадата која е од бел мермер. Во внатрешноста се дозволени секакви измени, како и хортикултурно уредување на дворното место со задржување на камената ограда и пристапните патеки. Може да се уредат тениски игралишта и да се изгради базен, како и други содржини кои ги има хотел со највисока категорија“, кажува директорката Паскали.

Со решението за привремена заштита од втор степен единствено се дозволува да се сруши летната сала од хотелот, која е доградена  подоцна и не соодветствува со неговата архитектура. Сите други зафати врз останатите два објекти се недозволени нагласува Паскали Бунташеска.  Таа додава хотелот Палас не смее да го менува изгледот, намената и висината.

„Не дозволуваме промена на деталниот урбанистички план за хотелот и околината. Во дворното место не е дозволено да се изградат други објекти како и  тој да се пренамени за други цели “. Покрај, хотел Палас вакво решение за трајна заштита, по се изгледа ќе добие и комплексот Летница. Во моментов се прави проект за негова валоризација открива директорката на Завод и Музеј Паскали Бунташеска.

Во Охрид, досега се  ставени под заштита голем број приватни куќи кои имаат архитектонски вредности. Заштитени се  Куќата на Робевци, Уранија, Крапчевци, Бојаџиеви, Патчеви. Годинава Завод и музеј изготвил  дури 40 елаборати за ревалоризација на значајни објекти кои ќе бидат ставени под заштита на Управата за културно наследство.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top