Изградбата на комплексот во Љубаништа од мултимилионерот Субрата Рој и изградбата на хидроаеродромот стигнаа и на седница на совет. Копјата се искршија, но до некаков заклучок не се дојде.
Изградбата на комплексот во Љубаништа од мултимилионерот Субрата Рој и изградбата на хидроаеродромот стигнаа и на седница на совет. Денес по оваа точка се дискутираше на 56 седница на Советот на Општина Охрид која по обичај започна со задоцнување и тоа овојпат дури со час и половина. Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е дека за ваква тема не треба да се дискутира на совет, Но Градоначалникот со објаснување дека за толку важни прашања за градот мора да се слушнат мислењата и ставовите на советниците како и на експертите. Петрески уште еднаш го потврди својот став дека го подржува проектот Сахарајам Македониа, но доколку тој не се одрази негативно врз животната средина и езерото.
Советникот Дејан Пановски овојпат настапи во двојна улога и како советник, но и како преставноик на Министерството за животна средина. Тој рече дека доколку се реализира овој мега проект строго ќе бидат испочитувани сите еколошки стандарди. Пановски кажа дека стапиле во контакт со еколошкиот консултант на фирмата Аткинс која го изработува проектот. На средбата било потенцирано дека секоја инвестиција која се прави на брегот на езерото мора да ги исполнува еколошките стандарди, за се што се прави мора да се информира УНЕСКО, максимално да се внимава на живиот свет како и природните и културните вредности, а инвеститорот задолжително да изгради пречистителни станици.
Во врска пак со изградбата на хидроаеродромот на Охридското езеро Петрески вели дека е тотално непотребна инвестиција. Тој додава дека ваквиот хидроародроми се градат на места каде нема можност за слетување на копно, а Охрид воопшто не е таков случај. Да е иронијата уште поголема, додаде Петрески во градов имаме и аеродром, а со овај проект езерото е доведено во опасност од еколошка катастрофа. Петрески се чуди каде се екологистите и експертите да го кренат својот глас.
Паноски во одбрана на стручната јавност објасни дека не станува збор за класичен хидроаеродром туку само за обележана патека за хидроавионски полетувања и слетувања. Генерално и екологистите не ја прифаќаат идејата за ваков проект.
Копјата се искршија, но до некаков заклучок не се дојде. Секој си остана на своето. Останува да видиме дали овие проекти ќе се реализираат или ќе останат само како предизборни идеи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град