ХОТАМ, со барања до Владата

Хотелско угостителскиот еснаф на охридско – струшкото крајбрежје со низа барања до Владата. Дел од нив се, намалување на ДДВ, решавање на проблемот со нелојалната конкуренција, делување на инспекциските служби, измени на начинот на субвенционирање, упростување на постапката.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Дваесеттина предлог мерки за подобрување на условите за вршење туристичка и хотелско угостителска дејност. Ова барање до Владата го достави Хотелската асоцијација на Македонија. Крсте Блажески, претседателот на оваа организација, смета дека пакет мерките се во насока за стимулирање на изградба на квалитетни хотелски капацитети во охридско струшкиот регион. Дел од барањата според Блажески биле намалување на комуналиите и рамноправност со странските инвеститори.

„Странските инвеститори секако дека не се отфрлени, но јас би рекол дека тука треба да ги добиваме истите третмани, како што добиваат странците исто треба да добиваат и домашните инвеститори. Тешко се добиваат дозволи за градба, надградба, изградба на вбодени паркови итн“

Хотелско – угостителскиот еснаф, една од мерките која ја бара од Владата е и намалувањерто на ДДВ од 18% на 5%, решавање на проблемот со нелојалната конкуренција, координативно делување на инспекциските служби на терен како и измени на начинот на субвенционирање за носење странски гости во земјава.

„Чинителите кои треба да добијат субвенции се жалат дека самата постапка е многу комплицирана, дека треба многу документи да се изработат. Баравме олеснување на еден документ, кој кога ќе се добие тоа е доказ за повеќе работи а не да се бараат уште пет други“.

Претседателот на ХОТАМ смета дека час поскоро треба да се изработат нови генерални и детални урбанистички планови за сите туристички центри во Македонија а посебно за делот кој го зафаќа Охридско- струшкото крајбрежје.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top