Хортикултурното разубавување на Охрид

Во пресрет на велигденските празници, Ј.П. „Охридски Комуналец“ се погрижи за убавиот изглед на Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
kruzen tok
кружен ток

Охрид ќе биде хортикултурно разубавен за Велигденските празници. Финишираат зафатите кои ги преземаат од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, со кои се средуваат кружните сообраќајни токови низ градот. Со околу стотина садници на цветно декоративни грмушки и зимзелени дрвца, се прави обид овие локации да оставаат добар впечаток , како хортикултурно уредено катче, вели Љаткоски Трајан од Работна единица „Паркови и зеленило.

Trajan Ljatkoski„Овде сега овој потег е извршено хортикултурно уредување со саден материјал од Расадникот кој сами го произведуваме и за овој период се одлучивме за уредување во пресрет на велигденските празници, зошто во Охрид се очекува, првиот поголем бран на туристи, па еден од влезовите на Охрид да биде среден за туристите кои ќе го посетат Охрид за Влеигденските празници.“

Од Комуналец информираат дека до крајот на месецот, останува хортикултурно да биде уреден уште кружниот тек кај населбата „Гоце Делчев“, со што ќе биде заокружено хортикулрното средување на овие локации низ градот. Исто така од јавното претпријатие додаваат дека се работи и на средување на просторот околу сите оние цркви во градот во кои ќе има служба за претстојните празници, како и оние кои се попосетени како од страна на верниците така и од страна на туристите.

Sv.Sofija„ Ние почнавме со косење на таа трева околу ивиците покрај патот околу црквите, просоторот да биде уреден да може да уживаат и туристите и секако верниците, да им биде попријатно кога ќе одат накај црквите“ објаснува Љаткоски.

Најголемо внимание е посветено околу црквата кај Плаошник, црквата Св.Богородица Каменско, Црквата Св. Ѓорѓија, како и Цв. Софија,потенцира Љаткоски.  Од  работната Единица “Паркови и зеленило” потенцираат дека ќе продолжат со активностите околу хортикултурното уредување како на парковските така и  на другите површини на подрачјето на градот Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top