По шести пат охридски хорски фестивал

Се е подготвено за шестото издание на охридскиот хорски фестивал. Од 21ви до 25ти август сите љубители на хорската музика ќе можат да уживаат во настапите на 30 европски хорови. Хорската музика ќе се изведува во црквата Св. Софија и во хотелот Инекс Горица.

 |  Јаковлева Лионела  | 
хорски фестивал
horski festival

По шести пат охридски хорски фестивал. Од 21ви до 25ти август сите љубители на хорската музика ќе можат да уживаат во настапите на 30 европски хорови. Концептот на фестивалот останува ист како и минатите години. Отворањето на фестивалот започнува со кратки настапи на хористите на отворена сцена.
aleksandar dimoski
Атмосферата ќе е прекрасна. Сите хорови се квалитетни и ги покануваме сите граѓани и туристи кои ќе престојуваат во Охрид да ги посетат концертите, а причина повеќе е што влезот е слободен, вели Александар Димоски, директорот на Охридскиот хорски фестивал .

И годинава на фестивалот учествуваат хорови од повеќе европски земји. Меѓу нив се хоровите од Германија, Словенија, Чешка, Унгарија, Турција, Бугарија, Романија.Само хористите од Србија нема да пристигнат бидејќи државата не била во можност финанасиски да ги подржи поради што најголем дел од државниот буџет бил пренаменет за помош на поплавените кои настрадаа во невремето што пролетва ги зафати некои делови од оваа земја. Од Македонија традиционално  ќе учествуваат неколку хорови.  На фестивалот во натпреварувачкиот дел ќе се изведат некои потешки композиции, додека во ревијалниот ќе има црковна музика, фолклорни извредби и поп музика. Настапите ќе се во црквата Св. Софија и во хотелот Инекс Горица. Големото финале или затварањето на фестивалот е предвидено за во понеделник во 10.00 во Дијаманската сала на хотелот Инекс Горица, кога ќе настапат најдобрите хорови избрани од жири комисијата.
Хорскиот фестивал во најголем дел се финасира од партиципација на учесниците, но останиот дел од трошоците ги покрива Министерството за култура и Локалната како и спонзори и помагатели.horski festival

Финансиите секогаш се проблем бидејќи кога се споредуваме со другите вакви европски фестивали секогаш има нешто што сакаме да го направиме, но не сме во можност, но основните работи за ваков фестивал успеваме да ги набавиме, вели Димоски.

Директорот на хорскиот фестивал сака да внесе некои новини за наредните години. Локалната им предложила да конкурираат за Европски проект па доколку добијат средства од европските фондови ќе го надградат фестивалот. Во негови рамки ќе се организираат работилници, семинари и предавања од интерес на учесниците, а ќе се набави и нова опрема која е неопходна како пијано , добра техника и озвучување.
Медиумски покровител на Охридскиот хорски фестивал е Телевизија ТВМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top