Охридскиот хорски фестивал со се поголемо реноме

Културните збиднувања во Охрид не се вртат само околу Охридско лето. Охридскиот хорски фестивал, се поголем предизвик за учесниците.
Хорот „Свети Климент Охридски“ веќе започна со организацијата.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ohridski horski festival
Охридски хорски фестивал

„Финансирањето на манифестацијата е голем проблем како и финансирањето на голем број манифестации. Апелираме за што поголем број спонзори и подржувачи. Минатава година имавме големи проблеми во финансирањето бидејќи средствата предвидени од Министерството за култура и градот Охрид не се реализираа во целост. Од Министерството за култура воопшто и не пристигнаа договорените средства, а од Охрид добивме само половина од предвидените“-рече Александар Димоски-Диригент на Охридскиот хор

Од локалната самоуправа не информираа дека и оваа година имаат предвидено средства за фестивалот. Вкупната програма за култура за 2011та година во Охрид тежи 5.545.000 денари, од кои, 350 000 денари ќе се одвојат, не само за фестивалот на хорска музика, туку и за ревијата на оркестри и староградски песни и концерти. Скромни средства охридскиот хорски фестивал ќе добие и од Министерството за култура на Република Македонија.

Овој фестивал сепак не е единствената манифестација во агендата на хорот „Свети Климент Охридски“. Тие благодарение на контактите остварени помеѓу нашата општина и општината Приједор од Босна, добиле покана за учество на хорски фестивал во оваа општина. Подготовките за претставување на овој фестивал се веќе во тек. Во таа насока Охридскиот хор во овој период прима и нови членови, кои секако мора да располагаат со добри гласовни можности и дисциплина.
Пробите се одржуваат во Гимназијата „Св.Климент Охридски“ и Центарот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top