Детскиот хор од Полска, „Скоровинки“ победници на овогодинештниот Охридски хорски фестивал. Овој детски хор беше избран за најдобар меѓу педесетте хорови учесници. Учесниците од 16 земји, од Холандија, Турција, Русија, Полска, па се до претставници од земјите од соседството, како хорови на Србија, Словенија и Бугарија, во изминатите неколку дена сите беа дел од еден од најинтересните музички настани кои годинава се случија во Охрид. Диригентот на победничкиот хорски ансамбл Алисија Шолуга, истакна дека е многу среќна што учествува на овој фестивал во Македонија и во Охрид. Додава дека станува збор еден посебен настан, кој се одликува со извонредна организација. Победата за нив баш и не била очекувана.
„Не, кога дојдов на фестивалот очекував добра организација, но не се надевав, но било како било беше навистина многу убаво за нас, да се биде тука, да“ изјави Алисија.
Пет дена учесниците на фестивалот ги одмеруваа своите вокални способности, како и техники на пеење. Со маестралните изведби на седумте најдобри учесници во финалето на натпреварувачкиот дел, беше заокружен овој извонреден музички настан.
Судбината на најдобрите и на победникот ја одлучи стручно жири во состав: Даринка Матиќ од Србија, Ева Kолар од Унгарија, Вајку Попеску од Унгарија, Мартина Бартиќ од Словенија и Претседателот на жирито Запро Запров од Македонија. Запров потенцираше дека „Фестивалот со секоја година расте и квалитативно и организациски, што е многу значајно. Тој може да се носи со сите најпознати светски фестивали и во организација и во квалитет апсолутно, додаде Запров. Денешниот дел, да се одберат најдобрите, за нив бил и најтешка задача.
„ Улогата на жирито е најтешка. Покрај тоа што хористите пеат, тешка е зошто сите неи пет души членови на жирито сме светски познати диригенти и знаеме што значи работа со хор, знаеме што значи мака, знаеме што значи некој да не го процени правилно тоа. Или да го процени со невнимание. Во тоа е тежината, особено кога ќе се изедначени хоровите што беше случај за овој фестивал, тоа е уште потешко. Но на крај сите елементи ги составивме и одлучивме кој се најдобрите,“ потенцира Запров.
Во финалето успеаа да се пласираат хоровитеSkowronki – Полска кои ја освоија првата награда во категорија детски хор, како и Гранд при наградата на хорскиот фестивал. Juventus од Латвиа ја добија и првата награда во категоријата возрасни хорови. Resonans con tutti – Полска – ја освои првата награда во категоријата младински хор.
Директорот на фестивалот Александар Димовски задоволен од текот и реализацијата на фестивалот, како организационо, така и содржински. Тој истакна дека задволството на учесниците на крајот од фестивалот зборува за успешноста на манифестацијата.
Новина на овогодинешното издание на фестивалот беше што истиот се состоеше во три дела. И тоа, дел на одржување натпреварувачки концерти, дел со концерти на духовна музика, како и дел со фолк и поп концерти. Директорот Димоски се надева дека наредната година ќе можеме да уживаме во уште подобро издание на овој музички спектакл.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град