ФТУ преку гламурозен коктел со специјално приготвено мени, денеска го стави во функција реновираното бифе.
Ставено во функција реновираното бифе на Факултетот за туризам и угостителство. Преку овој гламурозен коктел со специјално приготвено мени, ФТУ денеска не само што го стави во функција бифето, туку и најави многу новини од кујната на ФТУ. Морски плодови, јастог на камерунски начин, рубен сос, тартар бифтек, црн и црвен кавијар, шкампи во сос од виски и торта Опера бастилја, беа дел ексклузивните јадења од холивудското мени, кое денес го подготвија студентите. „Не треба многу труд за да се понуди екстра вкусна трпеза туку само љубов кон готвењето“, истакна дипломираниот менаџер по диететика и исхрана Давид Санџакоски.
„Не беше тешко благодарение на студентите. Може со добра екипа сите хотели и угостители да нудат и вакво ексклузивно мени“, истакна дипломираниот менаџер по диететика и исхрана, Давид Санџакоски.
Со холивудското мени денес симболично беше најавен почетокот на работата на бифето во Факултетот за туризам.
„Од денес почнува со работа ресторанот во факултетот наменет за студентите , од студентите за студентите. Направивме мало но иновативно мени. Чуствувам гордост да кажам дека нашите студенти работеа вредно и трудољубиво па изработија еден елитен коктел. И понатаму ќе продолжиме да работиме и да докажеме дека факултетот е достоен и ќе создава квалитетни кадри кои ќе овозможат подобрување на вкупното угостителство во градот Охрид“, истакна проф д-р Анѓела Крстаноска Василеска.
Деканот на ФТУ проф. Д-р Сашо Коруноски горд на студентите и нивното вложување во професијата. Ресторанот во факултетот ќе овозможи практична работа за студентите, вели Коруноски и додава дека ако досега детектирале многу проблеми во делот од практичната работа сега се спремни да се носат и со оваа обврска, а најдобар пример за тоа ќе биде она што денеска им го понудија на гостите, но и на целата заедница.
„ФТУ може да се каже ќе биде носечка институција која ќе воведе нови стандарди во гастрономијата и исхраната и диететиката. Спремни сме да одговориме на овој предизвик кој воедно е предизвик и за туризмот во Р Македонија. Од денес почнуваме со професорите и студентите и со подржувачите од хотелската и туристичката индустрија ќе работиме со еден нов концепт“, истакна проф д-р Сашо Коруноски, декан на ФТУ Охрид.
Според најавите на ФТУ Охрид, новото бифе ќе биде отворено и за сите граѓани на Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град