За таа цел се земени примероци од крајбрежјето и реките кои се влеваат во езерото. Резултатите ќе се објават во текот на наредната недела.
25 студенти и 4 професори од Водно- еколошкиот факултет од Холандија, деновиве вршат испитувања на квалитетот на водата во Охридското езеро. Анализите ги вршат применувајќи современа лабораториска апаратура.
„Почнавме да земаме примероци. Во моментов сме кај Коселска река, потоа ќе земаме и од неколку локации од крајбрежјето. Со себе носиме инструменти кои се наоѓаат во хотел Климетица каде и ги извршуваме анализите“, вели Митра Баскоска- Александре, асистент на Водно- еколошки фкултет од Холандија.
Како што потенцираат холандските студенти, го избрале Охридското езеро затоа што станува збор за едно од најголемите и најчисти водни ресурси во светот.
Од реализацијата на овој проект корист ќе има и градот и институциите кои во иднина ќе може да ги користат добиените резултати, потенцира Ѓоко Зороски од Еколошкото друштво Грашница, вклучено во активностите.
Освен од еколозите, проектот се реализира и со подршка и од охридскиот Хидробиолошки завод и Локалната самоуправа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град