Холанѓаните пристигнаа

Утрово пристигна првата група холандски туристи.

 |  Маленкова Татјана  | 
aviom Holangani
авион Холанѓани

Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид. Беа пречекани на традиционален начин со погача и сол, но и со шампањ и торта. Гостите воодушевени од дочекот, организиран специјално за нив.

„За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни holangani gosti искуства за Охрид – беше воодушевена“, вели едне од гостите. Друг пак открива дека во Македонија очекува да види многу планини, цркви и пријателскиот народ“.

Првата група холандски туристи, на охридскиот аеродром ја пречека министерот за економија Ваљон Сарачини, кој истакна дека започнаа да се покажуваат резултатите од заложбите на Р Македнија за развивање на туризмот.

„Напорно ќе работиме за оваа година да го зголемиме бројот на туристи не само во однос на минатата година туку генерално ќе се зголеми бројот на туристи во Р Македнија. Покрај многуте леснотии што ги направивме во делот на туризмот како намалувањето на ДДВ од 18 на 5 % за туристичките услуги , делот на подобрување на целокупната клима за подобар туризам во Р Македонија сега пристапивме и на еден нов правилник за категоризација на хотели кои значително ќе ги подигнат услугите на нашите хотели и субвенционирањето на нискобуџетни авиокомпании кои за три години имаме планирано сума од 4,9 милиони евра“, вели министрот за економија Ваљон Сарачини.

Министерот додаде дека според плановите во Охрид годинава треба да има девет летови неделно.  Тој holaganiоткрива дека според договорите кои ги имаме со туроператорите, само од земјите од Бенелукс во нашиот град ќе летуваат околу 700 туристи дневно. Според Сарачини овој успех на привлекување на туристите се должи на субвециите на владата и агенцијата за промоција на туризам а  кои изнасуваат по 65 евра по турист.

Добредојде на холандските туристи денеска им посака и амбасадорката на Холандија во Македонија Мариет Шурман. Таа истакна дека интересот на холанѓаните е се поголем за посета на Охрид и Македонија.

„Знам дека на холандските туристи многу им се допаѓа Македонија и тоа многу повеќе од оправдани причини, исто така знам дека некој од оние кои дојдоа минатата година со првиот чартер лет во Мај годинава повторно се враќаат во Македонија. Мислам дека дури и во времиња во економска криза во Холандија, туристите сепак ќе продолжат да доаѓаат во Македонија. Главна причина за ова е затоа што се чувствуваат како дома во Македонија, овој народ е многу дружељубив културен и им посакува добредојде на сите туристи“, истакна амбасадор на Холандија во Македонија, Мариет Шурман.
 
Оваа година се очекува Македонија да ја посетат околу 14.000 гости од Холандија. Радува фактот што не само холанѓани,  во последните неколку месеци е забележан пораст на бројот и на  други странски гости кои доаѓаат да ја посетат Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top