Пристигна првата група холандски туристи

Холанѓаните ја отворија новата туристичка сезона.  На аеродромот „Свети Апостол Павле“ претпладнево пристигна првата група холандски гости преку туроператорите „Корендон“ и „Фибула Ер Травел“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
holangani

 

Пристигна првата група холандски туристи кои својот одмор ќе го поминат на охридското крајбрежје. На аеродромот „Свети Апостол Павле“ претпладнево сто и осумдесеттината гости беа пречекани на традиционален македонски начин, со сол и погача. Меѓу холандските туристи кои пристигнаа со првиот чартер-лет имаше такви кои за прв пат доаѓаат во Охрид, но и од оние кои овде веќе се чуствуваат како дома.

Првпат сум во Македонија. Со мојата сопруга се венчавме минатата седмица и решивме медениот месец да го поминеме во Охрид. За езерото и убавините на градот прочитавме преку интернет. Очекувам добра храна, љубезни луѓе и незаборавен престој, ни изјави млад Холанѓанец.
Првпат дојдов во Македонија во 1971 година и тогаш научив само неколку збора да можам да се разберам со локалните жители. По пет години доаѓање овде, научив уште повеќе зборови а сега знам околу 400 македонски зборови и слободно можам да им бидам водич на туристите во Охрид, рече повозрасен Холанѓанец.holangani

Холанѓаните пристигнаа преку туроператорите „Корендон“ и „Фибула Ер Травел“. Менаџерот на „Фибула Ер Травел“ Асим Меџедовиќ потенцира дека од година во година бројот на странски туристи во регионов расте па овој туроператор ова лето очекува за 20 отсто зголемен број туристи во однос на минатата година.

Со новите програми што ги воведовме како што е услугата ол-инклузив во некои од хотелите и вметнување хотели кои имаат побогати содржини, им даваме поголем избор на гостите и туроператорите кои ќе доаѓаат во Македонија. Предвидени се три чартер летови неделно и четири во шпицот на сезоната. Нашите очекувања се дека гостите ќе бидат задоволни, ќе им се понудат попрофесионални услуги и екскурзии и ќе се вратат повторно во Охрид, истакна Меџедовиќ.holangani

Со денешниот прв чартер-лет од Амстердам започна организираното носење туристи во Охрид и Струга, вели Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР.

Напорите кои ги правиме како Локална самоуправа вродија со плод . Охрид за брзо време ќе стане една од топ дестибнациите во Европа и ќе си го врати имиџот кој го имаше пред повеќе години, вели Апостолов.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски рече дека ова е уште еден доказ дека ТАВ и понатаму е силно насочен кон развојот на туризмот и кон зголемувањето на бројот на странски гости во регионов. Годинава на охридскиот аеродром  се очекувааат летови со триесеттина илјади туристи, што од Бенелукс, што од други дестинации.

Годинава ТАВ даде и дополнителни атрактивни попусти за компаниите кои летаат на охридскиот аеродром и очекуваме нивниот број да се зголеми со оглед на тоа што туристичката понуда на охридската ривиера се’ повеќе и повеќе ги задоволува потребите на голем број туристи од регионот и светот, изјави Крстевски.

На 10ти јуни се очекува да биде воспоставен летот за Лондон, а на 1ви јули и летот за Базел. Годинава се очекуваат летови од Швајцарија, како и веќе востановените чартер-линии од Австрија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top