Нема повеќе прогледување низ прсти за ХАСАПОТ. После две три одлагања, сите кои што работат со храна мора да го имплементираат законот за исполнување на ХАСАП стандардите.
Светската економска криза зари нокти и во имплементирање на ХАСАП стандардите. Само со исполнување на тие нормативи можеме да произведуваме, продаваме и конзумираме храна насекаде во светот. Многу подготовки, најави, строги санкции се кажаа во име на тој закон кој официјално требаше да стартува на 01.01.2009. Но после долги натегања, две три одлагања, и адаптирање на условите, од денеска стапува и најжешкиот дел за поголемиот дел стопанственици кои немаат отпочнато со имплементирање, санкциите.
Во светот многу значење се дава на безбедноста на храната, производството и дистрибуцијата. Во јавноста се јави и дилемата околу името дали тоа е унифицирано за Европа и светот, или постои ХАСАП и ХАЛЕМ. Михаилов вели дека тие имиња се јавуваат едното кај православните друго кај муслиманите, а тоа е така поради различноста на култури, но целта е една.
Се што применуваме и се што правиме почнувајќи од политичкиот и економскиот дел го правиме првенствено заради себе вели Михаилов. Тој додава дека масовните труења со храна што кај нас не се за занемарување би можеле да се сведат на минимум, доколку сите правилно го имплементираат ХАСАПОТ
Останува уште малку време производителите на храна да ги средат сите работи оклу имплементирањето на ХАСАПОТ. Шансата и толеранцијата ќе биде до крај на оваа година велат од Дирекцијата за храна во Охрид. Тие согласно законот покрај редовните контроли на храната мора задолжително да ја контролираат примената на ХАСАПОТ, визата на Македонија за светот и Европа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град