Стрезо Стаматоски верува во „хепиенд“. Еден е од актерите ентузијасти кои веруваа во создавањето на охридскиот театар. Своите студии ги завршил во Софија, Бугарија на престижниот „Љубен Гројз“ театарски колеџ, во класата на Енчо Халачов. На почетокот на постидпломските судии љубовта кон театарската игра и тоа во својот роден град го водат назад во Охрид. Според многумина тежок пат, според Стрезо, вистинскиот избор. Стаматоски се надева дека ќе биде дел од најавената априлска премиера.
„Навистина беше тешко да се убедат одредени луѓе, особено родителите, зошто одбираш професија која не можеш да ја работиш во својот град, но сепак на крај победивме и успеавме“, објаснува Стрезо.
Многу претстави, многу труд, многу напор. Но, конечно и Охрид и охриѓани има со што да се горедат, го добија својот професионален театар. Актерот и режисер Горан Стојаноски не можејќи да ја сокрие возбудата, истакна дека ова е време на солзи, но солзи радосници. Од 1954 та година и после 16 години труд на оваа актерска екипа, охридските актери не ќе мора да се распрснуваат низ Македонија, туку ќе може да се соберат и творат во своето матично место.
Постојната мрежа од 5 тетари кои успешно дејствуваат во состав на центрите за култура во Велес, Прилеп, Куманово, Штип и Струмица, од денес ќе се надополнат со новиот потенцијал на охридскиот театар. Оваа инстиуција ќе претставува стимул и продуктивен импулс за младите актери и театарски уметници кои живеат и работат во Охрид и кои во изминатиов период покажаа завидни резултати, да продолжат со својата работа, истакна Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милеска. Таа додаде дека за почеток, тетарот како посебна организациона единица ќе функционира во состав на националната установа Центар за култура „Григор Прличев“.
„Новиот тетатар е финансиран со средства од буџетот на РМакедонија и за почеток, во него ќе бидат вработени 5 актери и еден уметнички раководител на тетатарот, кои воедно и ке го чинат неговото стручно и креативно јадро“, потенцира Министерката Канческа -Милеска.
Создавањето на овој нов професионален тетар има историска димензија, не само за тимот актери, туку и за сите охриѓани љубители на тетарот, почнувајќи од Благој Кичеец, Маре и Наум Мандуловски, Миле Волкан, Видое Видически и сите оние на кои содзавањето на оваа институција во нашиов град им беше сон. Охриѓани, со радост се сеќаваат на неговиот зародиш и смелите почетоци во 1949 година, кога група од 15 ентузијасти, тетарски аматери, внесоа нов дух во културното живеење на градот, изведувајќи ја тетарската премиера „Кир Јања“ на Јован Стерија Поповиќ. Според зборовите на Горан Стојаноски, првата премиера во оваа година можеме да ја очекуваме во април месец, додека претставата „Европа“ финансирана од страна на МК, неофицијално ќе се игра и на штиците на МНТ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град