Туристите кои при посетата на Плаошник или Самоиловата тврдина се освежуваат со вода, сок или сладолед нема каде да ги фрлат отпадоците.
Туристите кои при посетата на Плаошник или Самоиловата тврдина се освежуваат со вода, сок или сладолед нема каде да ги фрлат отпадоците.
На двата крака на улицата Кузман Капидан во стариот дел од градот кои водат до овие два објекти никаде нема корпи за отпадоци. Од ЈП Комуналец велат дека досега немаат налог од секторот за урбанизам за нивно поставување. Сашо Алчев, в.д директор на ЈП Комуналец е дециден дека тие не поставуваат урбана опрема како што се корпите за отпадоци. Проблемот го посочуваат кај секторот за урбанизам.
Кога ќе се постават на овие улици корпи побаравме одговор од секторот за урбанизам. Од таму велат дека ќе направат напор проблемот да го решат. Велат пропустот е во сеуште не изработената нова програма за поставување на урбана опрема. Од ЈП „Комуналец“ бараат соработка да им достават барање на кои локации и какви садови да постават.
Додека се постават корпите за отпадоци , туристите отпадот ќе го фрлаат каде ќе стигнат или пак посовесните ќе го носат в џеб. Затоа пак од ЈП Комуналец како новина од оваа година имаат ангажаирано дежурни служби кои ќе се грижат за јавната хигиена. Во централното градско подрачје дежурните служби ќе чистат во периодот од 11.00-24.00ч., а во Стар Град од 10.00-16.00ч.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град