Јасна Христоска, Ристе Петрески, Димче Коруноски И Петар Боев се дел од групната изложба која тардиционано се организира по повод Св Климент, 8 декември патронатот на Охрид. Јасна слика од својата 13 година и ја открива нејзината страст кон фотографирањето.
Димче Коруноски за своето хоби, уметничката фотографија вели дека станува збор за голема љубов кон фотографијата. Инспирација му се убавините од нашето опкружување да ги пренесе преку објективот на фото апаратот. Тој изложува 5 слики со мотив зајдисонце.
Ристе Петрески следејќи ги стапките на својот постар брат се зачленил во фото клубот Охрид. Сака со својот фотоапарат да ги забалежува и овековечува естестките убавини околу нас, животот на луѓето, боите на зајдисонцето. За членувањето во фото клубот и размента на исксутвото со постарите челнови Петрески има пофални зборови. Дружељубиви и гостопримливи ,своето знаење и искуство го пренесуваат несебично вели Петрески.
Петар Боев истакнува дека на оваа групна изложба фото клубот Охрид им отстапува простор за афирмација на помладите талентирани членови.
На оваа изложба учествуваат и останатите членови како што се Александар Тасески, Ема Коруноска, Ема и Антонио Велјаноски, Јован Поп Стефанија, Лазар Коњаноски, Зоран Велјаноски Летра и др.
Изложбата е поддржана од Локалната самоуправа, а е поместена во галеријата на Куќата на Робевци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град