Грст награди за учениците од „Ванчо Питошески“

Нови успеси за учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од петтиот Меѓународен натпревар на средни угостителски училишта што се одржа во  Сараево – Босна и Херцеговина, охриѓани се вратија со бројни награди. Една златна, три сребрени, две бронзени медаљи, а во екипна конкуренција трето место.

 |  Татјана Маленкова  | 
nagrada
nagrada

Нови успеси за учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од петтиот Меѓународен натпревар на средни угостителски училишта што се одржа во  Сараево – Босна и Херцеговина, охриѓани се вратија со бројни награди. Една златна, три сребрени, две бронзени медаљи, а во екипна конкуренција трето место.  Ученикот Кироски Милчо кој се натпреваруваше во дисциплината презентација на туристичка дестинација, по втор пат годинава од овој меѓународен натпревар се враќа со прва награда.
„ Охрид го презентирав како град на Унеско. Во дисциплината туристичка дестинација. Целиот проект им се допадна го преставував Охрид  како град на Унеско. Беа скоро сите запознаени со Охрид. Прашуваа им беше интересно биле во Охрид  внуци секако, истакна добитникот на првата наград, ученикот Кироски Милчо.
Во сферата на подготвување на ладно јадење како експонат, со сребрен медал се закити Фатмир Каја, бронзениот медал за подготвување јадење  од пилешко филе и припадна на Виолета Богоеска.
nagradeniАнтонио Нанески го освои сребрениот медал во рамките на натпреварот за поставување и аранжирање на изложбена маса. Сребрени медали освоија и учениците Моника Љуманоска и Дашнор Капланоски и во натпреварот за подготвување на барски мешавини и подготвување на слатко јадење како експонат.
„ Заработив второ место задоволен сум од мојот труд, а мислам дека се задоволни и моите професори очекував награда, подготвени бевме многу, и затоа успеавме“, истакна Дашнор Капланоски добитник на сребрен медал.
Директорот и професорите на училиштето презадоволни со резултатите кои ги постигнаа учениците. Велат дка заедничкиот труд се исплатил.
„ Конкуренцијата беше многу јака ние бевме доволно спремни требаше да имаме и подобар резултат јас тука имам забелешка. Многу сме задоволни од постигнатиот успех. Учествувавме во поставување и аранжирање на изложбен стол за шест лица тоа го поставува келнер, потоа барски мешавини – бармен, подготовка на ладно предјадење кое го прави готвач, слаткар имавме кој подготвуваше Охридска торта Охридски бисер и имавме главно јадење од пилешки стек кое се подготвуваше пред сите“, истакна професорот по угостителско послужување со практична настава, Зоран Нанески.
Учениците од средното уготителеско училиште Ванчо Питошески години наназад активно учествуваат на меѓународните натпревари за туризам и угостителство и покажуваат исклучителни резултати. Наградите кои ги освоија учениците на годинешниот меѓународен натпревар се само уште еден показател дека ова училиште има квалитет да образува кадри од сферата на угостителството и туризмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top