Многу награди за средношколците од средното училиште Ванчо Питошески. На меѓународниот натпревар од Босна и Херцеговина ги освоија симпатиите на жирито и освоија награди во сите категории.
Учениците Милчо Кироски кој освои златен мадал, Димитар Чадоски, сребрен медал, Александра Пероска, сребрен медал и Марија Ушо, бронзен медал презадоволни од постигнатите резултати, но и од организацијата на натпреварот.
Директорот на училиштето Секула Баткоски задоволен од тоа како учениците ги претставија Охрид и Македонија на меѓународниот натпревар. „Овие награди кои ги добивме го потврдуваат трудот кој го вложивме“, додаде директорот.
„ Јас сум задоволен и од професорите и од учениците и од тоа како ја претставија Македонија. Пет дисциплини вкупно. Мешањето на коктели е во живо, само храната на готвачите имаа експонати. Се друго е во живо, поставување на маса, презентација на туристичка дестинација“, вели директорот на ОУТУ Ванчо Питошески, Секула Баткоски.
Баткоски додава дека и понатака ќе настојува оваа образовна институција да учествува на вакви натпревари. Тој додава дека верува во училишниот кадар, но и во учениците, кои постојано ја оправдуваат довербата враќајќи се од сите натпревари со награди.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град