Социјалните станови во Охрид кои се изградени заедно со Централна Европска банка, наменети за лицата кои што немаат кров на главата, во моментов нема можност да се откупуваат, открива Цветко Грозданов, директорот на Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Р. Македонија. Тој вели дека договорите ќе бидат обновени за сите корисници на станот кои го почитувале договорот за закуп.
На 20 ти април годинава истече рокот на корисниците на социјалните станови, во Охрид. Жителите на ул „Карпош Војвода“, во станбениот комплекс кој има 71 стан, се во исчекување, што ќе биде понатака, односно под кои услови ќе се склучат новите договори. За оваа проблематика директно одговара првиот човек на Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Р Македонија, Цветко Грозданов. Тој вели нема потреба од загриженост, сите станари кои доследно се придржувале кон 5 годишниот договр, без да го прекршат договорите ќе бидат обновени.
„Кај сите оние кај кои ќе согледаме одредени аномалии, недостатоци ули непочитување на самиот договор ќе направиме иселување или тие станови ќе бидат одземени од АД и ќе бидат доделени на друхи семејства кои што имаат потреба од овие станови. Сведоци сме дека имаме и злоупотреба…во изминатиот период неколку станари иселивем, затоа што некои се иселиле во Струмица а го држеа станот и тука, некои воопшто не ни влегле во станот од кога беше доделен па две години гледаме дека водомерот не се поместил од нула“.
Грозданов категоричен дека кај сите треба да проработи свеста дека становите во социјалната зграда се за ранливата категорија на граѓани, а не некој да ги поседува а воопшто да не живее во нив или пак да има и друго место за живеење.
„Јас имам сознание дека во моментов имаме семејства кои имаат стан или барака и кои што држат на двете места, но комисијата на АД во периодов кој што следи детално ќе ги разгледа сите овие аномалии кои што се јавиле во текот на траењето на договорот и доколку имаме аномалии ќе ги отстраниме, а доколку ги исполнуваат критериумите се во ред, овие договори ќе ги продолжиме понатака за корисниците на овие станови“– открива Грозданов.
Становите кои што се за социјално ранливите категории во Охрид, во дадениов момент нема можност за продавање, бидејќи се наменети за тие лица, категоричен Грозданов.
„Доколку имаме станови кои што се градени по програмата ф – пе 13 – 40 кои што се за лица со ниски примања, тогаш на нив им се дава можност согласно законот да се определат во зависност од нивните примања да го откупат станот или да плаќаат кирија која е комерцијална или пак доколку останале на истото ниво како лица со ниски примања да ја плаќаат истата кирија“ – вели Грозданов.
Целосно ќе бидат ослободени од кирија оние лица кои од минимална плата паднале на приматели на постојана помош, тогаш државата ќе им ја плаќа киријата, вели Грозданов. Додаде дека и понатаму останува неговата заложба како граѓанин на Охрид чекор по чекор за секој сограѓанин кој има потреба, да обезбеди покрив над глава.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град