Налог за наплата на гробарина. 1200 денари е износот на сумата, која корисниците на гробно место на охридските градски гробишта треба да ја издвојат за 2011 година. Дел на охриѓани кои не сакаа да коментираат пред нашата камера кажаа дека новата давачка на ЈП им дошла како гром од ведро небо, бидејќи сумата не е мала за да се плати одеднаш посебно ако се земе предвид дека има и такви корисници кои имаат и повеќе од едно гробно место. За оваа забелешка на јавноста надлежните на ЈП Градски гробишта имаат свое оправдување. Според координаторот на ова претпријатие, Драган Пандески, воведувањето на давачката за гробарина е согласно законот за градски гробишта и не е ништо ново, само реализација на одлуката на Советот на општина Охрид. Пандески ја смирува топката и вели оти може да се направи компромис и плаќање на рати, за до година и други поволности на ова поле.
Според законот за градски гробишта воведувањето давачка за гробарина е главна ставка за финансирање на градските гробишта а воедно од таа сума претпријатието може да опстои, вели Пандески. Тој кажа што конкретно ќе се прави за градските гробишта во Охрид од средствата собрани од ова давачка.
Вечниот дом на покојниците кои завршуваат на градските гробишта се протега на 150 000 метри квадратни површина. Дел од средствата како што кажа и Пандески ќе се употребат за 100% одржување на тој простор. Од тие средства 30% ќе бидат наменети за изградба на новата муслиманска капела на која деновиве беше удрен и камен темелник. Исто така приоритет од тие средства ќе бидат и две километарските патеки и улички низ гробиштата кои треба да се асфалтираат, велат од јп.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град