Грижата за Македонија пред се – Фронт на народот

Граѓанската иницијативиа Фронтот на народот, фронт на Македоноија денес во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
front na narodot
фронт на народот

 

Фронтот на народот, фронт на Македонија, одржа трибина во Охрид. „Апсурди на денешницата“, беше темата на која говореа истакнати професори, спортисти, уметници од земјава. front na narodotПрофесор Виолета Наумоска истакна дека главната цел на трибините од ваков карактер е јавно да се зборува за апсурдите кои се случуваат во денешницата, како и да се истакне она што е заеднично за сите нас како граѓани на Македонија без разлика на која партија даваме поддршка, а тоа е грижата за Македонија.

„Од тука е моето големо разочарување во опозицијата зад која што објективно, со 42 мандата доби голема моќ и доверба од народот и јас очекувам тоа да го изразува низ нејзиното делување. Меѓутоа она што се случи на седницата на европскиот парламент со настапот на опозиционерскиот кандидат е крајно неповолно за Р. Македонија и мислам дека на никој не му користи нити на нивната политичка партија, видовме сите на кого користи на некој надворешни цели“.

Според академскиот сликар Маријан Камилоски, апсурд се критиките на опозицијата за проектот Скопје 2014, посебно тоа што истиот го етикетираа како непродуктивен.

front na narodot„Како што знаете проектот стартуваше кога се случи светската економска криза и поради тоа градежната оператива остана без работа. Тој проект буквално ја спаси македонијан од безработица дури отвори и нови професии“.

Јован Јаулески потпретседател на студенскиот прламент на универзитетот Кирил и Методи, истакна дека демократијата во никој случај не може да се бара со рушење на институции, со блокади, со дирекно попречување на евроатланските  интеграции на Р .Македонија.

„Демократијата треба да се бара внатре во институциите на системот затоа што волјата на граѓаните е нескршлив принцип во демократијата на секое општество.  

На трибината говореше и кајакарот на диви води Атанас Николоски, универзитетскиот професор Бранко Крстевски, Славе Ѓорго Димовски и професорот Јане Бакрески. Еден од заклучоците на учесниците на трибината беше, за да има просперитет Македонија потребна е здрава опозиција.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top