Центарот за култура Григор Прличев доби финансиска инјекција од Министерството за култура. Одобрени се пари за манифестациите кои години наназад се под капата на центарот, но и за театарот кој годинава планира да подготви два големи и сериозни проекти.
Центарот за култура „Григор Прличев“ од Министерството за култура доби околу 5 мил. денари за проектите кои треба да ги реализира во текот на оваа година. И овојпат финансиски се подржани Балканскиот фестивал, Охридските староградски песни, фолклорните друштва, мешаниот хор, балетското студио и театарот. Предвидени се и два големи театарски проекти и тоа „На дното“ од Максим Горки и „Орестија Есхил“ која претстава по се изгледа ќе ја режира познат режисер од Дубровник. Еден театарски проект ќе биде финансиран и од сопствени средства, вели директорката Драгана Боцевска. Таа додав дека во текот на оваа година ќе се реши и просторниот проблем за канцеларии на театарот, а ќе се инвестира и во соблекувалните. Со цел подобро и поуспешно функционирање на театарот од министерството беше побарано одобрение за нови вработувања. Боцевска објаснува дека зелено светло е дадено за четворица актери. Вработувањата ќе бидат реализирани после Локалните избори. Со новите членови театарската екипа ќе има 10 актери што е сосема солидна бројка за изведување на големи и сериозни театарски проекти.
Уште еден приоритет на центарот за оваа година е конечно да се доврши кино бавчата и да и се даде современ лик.
Од центарот очекуваат богата театарска и филмска програма, а најавуваат дека од 18ти февруари започнува прикажувањето на светскиот хит, цртаниот филм Гумениот тарзан кој е синхронизиран, а со тоа ќе е достапен и за најмладата публика. Планирано е да се реализира и една детска претстава. Боцевска најавува дека секој ден ќе има културни настани со кои ќе се привлекува публиката да ги посетува помасовно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град