Паркот каде се наоѓа гробот на Григор Прличев обраснат со трева и расфрлан со ѓубре. Оваа слика не му доликува на вечното почивалиште на вториот Хомер, реагираат граѓаните. Надлежните ветуваат дека за брзо ќе се уреди ова место и ќе си го добие вистинското значење.
Mестото каде се наоѓа вечното почивалиште на ловороносецот Григор Прличев, заборавено од надлежните. Паркот зад црквата Св. Богородица Перивлепта каде се наоѓа гробот на вториот Хомер покрај тоа што речиси ретко кој ојхриѓанец го знае, обраснат е со трева и прекриен со ѓубре. Од Завод и музеј велат дека иако одржувањето на ова место не е во нивна надлежност минатите години од нивна страна е извршена одредена реставрација и обновување на надгробната плоча и натписот кој стои на неа.
Во секој случај ова место заслужува поголемо внимание од нас самите поради нас самите. Не смееме да дозволиме местото да е во состојба како што е сега, кажа кустосот Горан Митрески.
Митрески вели дека под итно овој парк треба партерно да се уреди, хортикултурно да се оплемени, да се осветли и да се стават инфо табли кои ќе покажуваат дека тука се наоѓа гробот на Григор Прличев. Ова место додава кустосот заслужува поголемо внимание и тоа во текот на целата година а не само на 6-ти февруари кога умрел овој наш светски познат поет. Од локалната велат дека секогаш се подготвени да одговорат на иницијативите од граѓани, невладини организации и институции доколку иницијативата е од интерес на градот.
Во овој момент Локалната самоуправа ја подготвува програмата за одбележување на некои значајни места во градов. Тука ќе влезе и местото каде се наоѓа гробот на Григор Прличев, ветува Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.
Инаку овој простор каде се наоѓа гробот на ловороносецот од неодамна и припадна на МПЦ. Од таму велат дека доколку локалната има интерес ќе се пристапи кон негово уредување. За сите оние кои незнаат во таа гробница покрај Григор Прличев е погребан и неговиот син Кирил.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град