Александар Петрески, кандидат за градоначалник од СДСМ, денеска преку фотографии го покажа, според него, грдото и убавото лице на Охрид.
Кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“, Алекдандар Петрески на денешната пресс конференција зборуваше за како што кажа грдото и убавото лице на Охрид.
Како доказ за грдото лице Петрески покажуваше фотографии од детската болница, која сега е руина а каде требало да има Хилтон хотел. Потоа покажа фотофрафии од опожерениот дописен центар на македонската радио телевизија, пристапните патишта кон Охрид, автокамповите за кои како што кажа со законот на Александар Николовски биле прогласени како државен интерес за да може да ги продаваат по едно евро и да прават мега скандали и мега бизниси.
„Исто грдото лице на Охрид се патиштата према Охрид. Ќе носеле индијци и ќе правеле висок туризам и тој висок туризам ќе го развивале со авиончиња да слетувале директно во езрото. Затоа што ако ги носат по патиштаа еве какви се патишатата и дали со вакви патишта ние ќе развиваме елитен туризам“, рече кандидат за градоначалник од СДСМ, Петрески.
Петрески покажа и фотограифи од според него, убавото лице на Охрид, поточно делата на локалната самоправа. Средни паркови, улици, изградени спортски сали, споменикот Св Наум.
„Исто така слушам деновиве по телевизија дека ги повикуваат земјоделците да прават осигурување на имот. За млакото ќе давале субвенции, ќе имало прва или втора скала за млекото, се е тоа ветар во магла. Зошто ова не го кажа пред три месеци пред шест пред година дена, зошто сега го кажуваат. Тие незнаат дека има дождови, дека може да има поплави дека на зима може и снег да падне. Зошто сега Коњаноски три пати е дојден во Лакочереј“, истакна Петрески.
Петрески денеска јавно се заблагодари за како што кажа кампањата која ја прават за него, од ВМРО ДПМНЕ. „Што повеќе одат од куќа до куќа, од врата до врата, толку повеќе сум убеден дека разликата во првиот круг ќе биде поголема“, рече Петрески. Тој уште еднаш ги повика политичките опоненти доколку соберат храброст да одберат како сакаат и каде сакаат и со кого сакаат, да се соочат на дуел.
„Затоа што кажуваше дека ќе имало други директори, да му кажам на Николоски дека на 25 повторно сонцето ќе изгрее, овој градоначалник ќе е поврорно градоначалник, докторот ќе си остане доктор кај што знае да работи, е тоа ќе се случи на 25 Александар Николоски да знаеш“, рече Петрески.
Петрески зборувајќи за листата за советници од ВМРО ДПМНЕ итакна дека сите на листата од првиот до последниот па и кандидатот никој не е од вистинското ВМРО, затоа што вистинските ВМРО овци се со ВМРО Народна со Љупчо Ѓоргиевски, а сите други се дојденци од други партии, додаде Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град