Надежта последна умира. Туристичките работници од градов, а и пошироко сметаат дека и покрај големиот број песимистички најави ќе имаме успешна туристичка сезона. Тие сериозно се зафатија за работа сакајќи во Охрид повторно да ги вратат гостите од соседна Србија. За таа цел во нашиов град пристигнаа српски туроператори и еминентни новинарски куќи за да им се покаже дека Охрид е подготвен за туристичката сезона.
Перо Јакимовски, сопственик на туристичка агенција, вели дека преку годината се прават сериозни напори што поголем број туристи да дојдат и да го посетат градов. Ставот на претставцниците на охридските туристички агенции е дека одкога ќе помине сезоната може да се коментира каква била истата, бидејќи како што велат „Парите се бројат на крај на сезоната. Но, оптимизмот ни го помати информацијата која за прв пат ја слушаме од нашите колеги од Србија“, вели Јакимовски. Во информацијата стои „Грчките туроператори ги условиле српските туроператори дека можат да ја продаваат Грција ако не го продаваат Охрид. Интересно и за прв пат се случува. Се постави прашањето дали Охрид им е таква конкурентска дестинација ако знаеме дека грците имаат море“
Кон ваквите изјави Петрески со став, „Грција не бира средства за излез од тешката економски криза во која се наоѓа“. Тој додава дека со поставување услови ништо нема да постигне оваа земја посебно на полето на туризмот.
Српските туристи станаа традиционални гости во Охрид. Нивните впечатоци се дека Охрид бил и останал метропола на македонскиот туризам. Мишо Вујовиќ вели дека Охрид посебно е атрактивен и поради богатото културно историско минато.
Вујовиќ смета дека цените на туристичките понуди за Охрид се коректни но напомена дека годинава тие се во јака конкуренција со Шпанија, Бугарија, Албанија, Грција, Турција па дури годинава и со Црна Гора. Покрај тоа неговите очекувања се дека Србите ќе бидат најбројни гости во Охрид. Вујовиќ рече дека мора да се интензивира туристичката кампањата, бидејќи доста е од пасивната понуда на Македонија на српскиот пазар.
Инаку на овој настан кој е од големо значење за развојот на туризмот во Охрид не беа присутни претставници од Агенцијата за подршка и развој на туризмот која на некој начин треба да ја пополни празнината што во државава немаме ресорно Министерство за туризам, а што според стручњаците е голем минус за развојот на истиот. Зошто изостана нивното присуство, останува отворено прашање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град