Охриѓани во најголем број пред сезона ќе летуваат во Грција. Туристичките работници тријат раце и информираат дека речиси сите резервации се потполнети, а годинава интересот кај охриѓани е драстично зголемен. Интерес има и за Турција, Шпанија, Бугарија, како и за атрактивните крстарења со брод, по Медитеранот, Јадранот, Егејот и Италија.
Охриѓани не се откажуваат од летните одмори надвор од државава. Најпопуларен избор на туристичка дестинација годинава за нив се Грција, Турција и Шпанија, велат туристичките работници. Солена вода на убаво уредени егзотични песочни плажи, маслинови дрва, а сето тоа за ниски цени. Лептокарија, Крф, Олимпик Бич, Полихроно, Певкохори се само дел од аранжманите каде охриѓани веќе се решија да го поминат својот летен одмор открива Елида Битрак, менаџер на туристичка агенција. Оваа дестианција е најпримамлива посебно пред сезоната, цените се многу ефтини, а во нив е вклучен превозот додава таа.
„За разлика од други години оваа година евидентен беше интересот за уплата и резервации за нивните планирани одмори. Можеби од една страна што доста рано ги имавме подготвено летните програми и нудевме одредени попусти па поради тоа нивната определба беше таква. Што се однесува до интересот на охриѓани за одредени дестинации можам да констатирам дека доста голема е палетата на дестинации кои што се во план за охриѓаните да одат на одмор. Прво е секако Грција“.
Годинава голем е интересот кај охриѓани и за елитните дестинации во Шпанија, но и за крстарења со бродови по Медитеранот, вели Битрак. Наспроти тоа, Охрид конкурира со малку поскапи понуди за летување на езерска вода.
„Ако направиме една компарација со Грција, затоа што имавеме доста евтини понуди за мај првата тура ни беше 35 евра автобуски превоз од Охрид и 7 ноќевања на пример во Олимпик Бич по лице. Оваа цена во секој случај неможе да се постигне во Охрид. Можеби затоа што е направен закуп што за нашиов реон не е вообичаено да се направи од страна на тур оператор од странство да се направи еден закуп за одредени приватни капацитети и хотели“.
Охриѓани се повеќе пројавуваат интерес и за еден поинаков летен одмор, вели Битрак. Станува збор за планински туризам во Банско, Бугарија. За да можат охриѓани да се релаксираат 5 дена во Елитниот хотел Пирин Голф како и Катерино Спа, треба од буџетот да издвојат само 60 евра по лице.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град