Грците ги откажаа своите аранжмани,охриѓани- дома!

Гостите од Србија и Бугарија најбројни за Велигденските и првомајски празници.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Filip Mishev
Филип Мишев

За Велигденските и првомајските празници во Охрид најбројни ќе бидат гостите од регионот. Голем број туристи од Србија, Бугарија, Косово и Романија веќе ги имаат направено своите резервации во охридските хотели.

Сепак, очекувањата на хотелиерите нема во целост да бидат исполнети. Неколку групи гости од Грција во последен момент ги откажале своите резервации.

„Ги откажаа поради инцидентите со грчките автобуси во Охрид и политичката состојба, објаснува менаџерот на хотел Метропол, Филип Мишевски.

„Загубите ги надокнадуваме со израелски гости, како и веќе закажани чартер летови од Истанбул“.

gostiОхриѓани, пак традиционално празниците ќе ги поминат дома. „Мал е бројот на оние кои се одлучиле да заминат во некоја од странските земји“ , вели Елида Битракова од Туристичката агенција Елида турс.

„Има граѓани кои за Велигден ќе патуваат во Италија, а за првомајските празници ќе патуваат за Москва“, додава Битракова.

Поаѓајќи од покажаниот интерес за првомајските и велигденските празници, туристичките работници очекуваат ова лето Охрид повторно да биде туристичка топ дестинација за гостите од соседните земји. Најавуваат дека цените на хотелското и приватното сместување ќе бидат исти како минатогодишните.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top