Со пригодна свеченост, означен почетокот на регулацијата и уредувањето на реката Грашница.
Долгогодишниот проблем на граѓаните од населбата Грашница, конечно ќе добие среќна разрешница. Во низата свечености кои локлната ги организираше по повод празникот 11ти Октомври, се постави и камен темелник за регулација и уредување на реката „Грашница“ од ммостот на улицата „Гоце Делчев“ во должина од околу 150 метри.
„Денешниот почеток на работите во овој дел на градот , претставува само еден дел од процесот на поставување на цевководи, проширување на улиците и воопшто отстранување на вливот на реката Грашница во езерото“, најави Петрески.
„Со овој проект населбата Грашница, поради фактот што реката нема повеќе да го загадува езерото, граѓаните ќе добијат низа поволности. Тргнувајќи од фактот што имотите ќе добијат на цена, до реалната состојба која ќе се постигне, а тоа е конечно жителите од овој дел на градот да добијат нормални услови за живот“, додава Петрески.
Присутните гости на настанот, пристигнувањето на Градоначалникот Петрески го очекуваа повеќе од еден час. Тој доцнењето го оправда со зборовите: „ Во Велгошти испивме малку повеќе черешноица“.
Членовите на еколошкото друштво „Грашница“ сепак се сомневаат во резултатите кои се најавуваат со изградбата на овој проект. Нивниот став околу сето ова тие дополнително ќе го достават до нашата куќа, а ние благовремено ќе ве информираме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град