Се чека епилогот од жалбената постапка. Ова доаѓа по реакцијата од министерството поради изгласувањето на ДУП за 8ма урбана заедница.
Градоначалникот Александар Петрески ја чека разрешницата од жалбената постапка за да ја активира кривичната пријава против Министерството за транспорт и врски. Пред две недели ова министерство поднесе кривични пријави против Петрески и Советот на Општина Охрид поради изгласувањето на ДУП за 8ма урбана заедница. Градоначалникот тогаш беше на службено патување но најави дека по неговото враќање ќе зададе контра удар.
Портпаролот во општината, Никола Маневски, додава дека кривичните пријави треба да бидат упатени до Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство. Овие институции претходно дале согласност за изгласување на генералниот урбанистички план за тој дел од градов, а сега се премислуваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град