Гранит бара работници за изградба на охридскиот автопат

Градежната компанија „Гранит“ бара 670 работници за изградба на автопатот Кичево-Охрид и патниот правец Миладиновци- Свети Николе- Штип.

 |  Мишел Наумоски  | 
avtopat
автопат

granit oglasАД „Гранит“ денес го објави огласот за ангажирање на работници од 28 различни работни позиции. За потребите на овие големи инфраструктурни зафати, „Гранит“ вработува градежни и рударски инженери, раководител на градежна механизација, финансови извршители, минери, извршители по механизација, работници на каменоломи, градежни работници. Инаку градежните работи на охридскиот автопат ќе почнат истовремено на три локации за да завршат за четири години. Во активностите ќе бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава. Инаку согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија, од општините кои гравитираат околу автопатот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top