Граѓаните релативно задоволни од здравствените услуги. Ова го покажа анкетата на ТВМ телевизија спроведена изминатите месеци преку рубриката „Ти си твојот град“. Поголемиот дел од испитаниците, дури 80% повеќе му веруваат на приватното здравство во однос на јавното, а останатите 20% не веруваат ни на едните, ни на другите.
Граѓаните се релативно задоволни од здравствените услуги во регионот. Ова го покажа анкетата која ТВМ телевизија преку рубриката „Ти си твојот град“ ја спроведе во изминатиот период.
На прашањето какви се здравствените услуги во Вашата општина, дури 60% од испитаниците одговориле добри, а 40 % ги оцениле како лоши.
На прашањето дали има доволно стручен кадар, рекордни 100% од испитаниците одговориле негативно, односно сите сметаат дека нема доволно стручен кадар.
Поголемиот дел од граѓаните сметаат дека здравствените власти не се справуваат добро со пандемијата. Дури 80% од граѓаните дадоја негативен одговор, само 20% сметаат дека белите мантили добро се справуваат со корона вирусот. На дополнителното прашање зошто сметаат дека е така испитаниците одговорија дека се направиле многу грешки со терапиите, нема протоколи за лекување, а воедно и дека нема одговорност.
Загрижува тоа што поголемиот дел од испитаниците, дури 80% повеќе му веруваат на приватното здравство во однос на јавното, а останатите 20% не веруваат ни на едните, ни на другите.
Како појаснување дел од нив наведуваат дека во државните здравствени институции нема доволно капацитети и се чека долго време за добивање услуга, други пак велат приватните здравствени установи се прескапи за македонскиот стандард.
Иако повеќе веруваат на приватните здравствени установи, граѓаните се лекуваат во јавно здравство тоа го тврдат дури 72% од граѓаните, а останатите 20% велат се лекуваат на државни клиники. За приватно здравство се нема доволно пари, односно услугите се прескапи за поголемиот дел од испитанците.
Како најголем проблем во здравствените институции граѓаните го детектираат недостигот на медицински стручен кадар, потоа лошите услови во здравствените институции и недостиг на медицинска апаратура..
Граѓаните сугерираат дека за подобрување на состојбите во здравството потребно е план за вработување, потоа долгорочен план за подобрување на специјализациите, набавка на апаратура и подобрување на условите во здравствените установи.
Најголемиот дел од испитаниците кои одговорија на анкетата се жители на општина Охрид 80%, а само 20 % од Дебрца. 60% од нив се граѓани на возраст од 30 до 55 години, 20% над 55 години и 20% се млади до 30 години. Никој од нив не наведе конкретен сопствен личен проблем од сферата на здравствoто.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град