Не станува збор за дополнителен трошок туку за издвојување на нова сметка на износ кој досега граѓаните и фирмите го плаќаа во сметките од водовод, објаснува Никола Галиот – раководител на наплата во ЈП Колекторски систем.
Почнувајќи од денеска сите физички и правни лица на подрачјето на општините Охрид и Струга ќе ја добијат првата сметки од новото државно ЈП „Колекторски систем“- Скопје. Согласно статутот на претпријатието и согласно решението на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги од денеска започнавме со дистрибуција на фактурите на сите правни и физички лица до нивната адреса преку Македонски пошти, информира раководителот на наплатна служба, Никола Галиот.
„Важно е да се напомене дека граѓаните не се изложени на никаков дополнителен трошок туку овој дел којшто ние сега го фактурираме предходно беше содржан во сметката која ја издаваа претпријатијата „Водовод“ Охрид и „Водовод и канализација“ – Струга. Во сметките и фактурите ќе биде содржан варијабилниот дел кој се однесува на третман и одведување на отпадни води и тој ќе биде фактуриран во сооднос со количината на потрошена вода која ќе ја фактурираат јавните претпријатија претпријатијата „Водовод“ Охрид и „Водовод и канализација“ – Струга.“ – објаснува Никола Галиот, раководител на наплата во охридската подружница на ЈП Колекторски систем – скопје.
Наплатните пунктови на ЈП „Колекторски систем“ се лоцирани во новиот градски пазар во Охрид и во градскиот пазар во Струга . Покрај плаќање на сметките во просториите на претпријатието со запазување на мерките за лична заштита од корона вирусот граѓаните имаат и други опции на располагање.
„Граѓаните своите сметки ќе можат да ги плаќаат и преку банка на жиро сметките кои се наведени на самата фактура, а во тек е и изработка на интернет платформа за електронско плаќање која се надеваме да биде ставена во функција веќе од наредниов месец. Со отпочнување на работа на поштата од следниов месец ќе можат своите обврски да ги подмируваат и во пошта.“ – изјави Галиот.
Како ново претпријатие со помош на граѓаните ќе градиме една ефикасна комуникација во насока на подигањето на квалитетот на сервисните услуги, потенцира Галиот. Тој ги повика граѓаните за сите прашања и дополнителни информации или евентуални пропусти да се обратат до службите за наплата на претпријатието кои се отворени за соработка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град