Граѓаните на едноставен начин ќе можат да пријават загадувач или загадување во тек

Граѓаните на едноставен начин ќе можат да пријават загадувач или загадување во тек и во реално време да иницираат вонреден инпекциски надзор. Државниот инспекторат за животна средина денеска ја презентираше онлајн платформата за пријавување загадување која овозможува подобра координација помеѓу државните и општинските овластени инспектори и обезбедува поголем увид во нивното  работењето на терен.

 |   | 

Отсега граѓаните можат да пријават загадување до ДИЖС едноставно по електронски пат во реално време и врз основа на таа пријава да следи вонреден иснпекциски надзор. Државниот инспекторат за животна средина денеска ја презентираше онлајн платформата со која граѓаните ќе можат да пријавуваат загадувач или загадување во тек, преку четири канали и тоа со испраќање порака преку Facebook страницата на ДИЖС, преку Е-адресата prijavi@sei.gov.mk; на Веб-страницата www.sei.gov.mk; преку полето Пријави на е-Мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk.

„Оној момент кога пристигнува пријавата, правиме надзор за вонреден инспекциски налог и инспекторот заминува на терен. Таму каде нема да може да појде државен инспектор, ќе се координираме со овластените  инспектори – рече директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска.

Во пријавата граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата, доколку можат да испратат слика или видео и да остават нивни податоци (име и презиме, телефонски број или е-адреса) за да можат инспекторите да ги исконтактираат и да им одговорат на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.

Главно пријавите треба да се фокусираат на големите загадувачи, инсталации кои имаат А интегрирана дозвола или елаборати за заштита на животната средина. Меѓутоа нашиот инспекторат има и многу други надлежности и се преклопува со надлежности на други инспекторати и агенции. Одлуката за тоа кога и како ќе постапиме ќе одлучиме ние , ако треба пријавата ќе ја проследиме до друга истанца и секако граѓанинот ќе го информираме повратно како сме постапиле. – објасни Петровска.

Платформата за пријавување за загадување ја подобрува соработка на Државниот инспекторат за животна средина со граѓаните, овозможува подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво и обезбедува поголем увид во работењето на инспекторите на терен.

Платформата е изработена во соработка со Институт За Комуникациски Студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top