Со вечерната миса во црквата „Свети Кирил и Методиј“, граѓаните со католичка вероисповед од Охрид, ќе го прослават раѓањето на спасителот, Исус Христос.
Припадниците на католичката вероисповед и сите верници кои го прифатиле новиот календар, денес го прославуваат Бадник. Со таканаречената „Миса Полночка“, вечерва од 21 часот, во црквата посветена на „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Бенедикт“ во Охрид, верниците ќе го започнат чествувањето на Христовото раѓање, најсветлиот момент во христијанската религија.
„Тоа е една свечена литургија, свечена миса. Се пејат нормално Божиќни песни и целата таа миса е проследена со пеење, со славење, радосно, се чествува раѓањето Христово.“-вели отец Оливер Тантушев.
Католичкиот Божиќ има доста интересни обичаи, почнувајќи од оној западниот на подарување на подароци, па се до посните јадења и семејната вечера.
„Карактеристично за прославувањето на католичкиот Божиќ е тоа што четири недели, интензивно се подготвува. Се подготвува во таканаречениот адвентски период. Тоа е еден период на очекување. Се палат четири адвентски свеќи, секоја недела по една и на тој начин светлото означува дека Христос е светлината, па во тој контекст се очекува.“-рече отец Тантушев.
Инаку постот пред Божиќ не е строг пост. Постат оние што сакаат да постат, а ослободени се старите луѓе и болните кои не можат да постат. Отец Оливер, им го честита Божиќ на сите припадници на католичката вероисповед, и верниците кои го прифатиле новиот календар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град