• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Граѓаните ги изложија проблемите пред Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор

Граѓаните ги изложија проблемите пред Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор

Најголемиот дел од проблемите доаѓаа од социјално-ранливата категорија на граѓани, а кои се однесуваа на нивно сместување во времени објекти или социјални станови. Директорот на агенцијата, Цветко Грозданов со ветување дека ќе бидат разгледани сите проблеми и на сите граѓани ќе им биде одговорено.

 |  Мишел Наумоски  | 
zgradi
згради

Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор денес беше отворена за граѓаните. Решение за својата мака најчесто бараа граѓаните од социјално-ранливата категорија кои се сместени или во некој од становите од социјалната зграда, или пак во времени објекти од таква намена. Таму одговор на нивните прашања побараа и седумте семејства кои живеат во бараките на улица „Сирма Војвода“ веднаш до градската болница. Тие побараа решавање на нивниот статус.

gragjani sredba„Ни рекоа бараките се подарок, седете како дома додека не ви ги продолжат договорите. Не сакаа средба со нас, никаков одговор не ни дадоа од општина. Не ни ги земаат туку не знаеме на што сме. Можеби ќе ги земат, од кај да знаеме.“

„Затоа сме дојдени тука ние, да го решиме тој статус, секаде се обративме, никој не сака да преземе мерки во овој случај. Јас сум со мали деца, бубачки излегуваат, утре змии ќе излезат. Не знаеме на што сме, ако се реши некако, нека каже некој, да го купиме. Нема каде, татко ми има една куќа, тука се десет души, јас ако одам со пет души, 15. Во четири соби каде?“-рекоа дел од граѓаните.

Еве што директорот на Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов одговори.

„Согласно законите, можам да кажам дека граѓаните кои ги добиваат тие објекти, треба да бидат свесни дека се тоа времени објекти, од времен карактер, во тој временски период во кој биле социјално-ранливи категории, додека се снајдат или излезат од оваа социјално-ранлива категорија, да бидат сместени и згрижени од страна на државата.“-рече Директорот на агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Друг проблем кој граѓаните им го посочиле во Агенцијата е и проблемот со формирањето на куќен совет и заедница на домари.

socijalni zgradi„Тука каде што Акционерското друштво е над 51 процент сопственик, најчесто товарот е на друштвото, ние треба да ја спроведеме, па некаде со задоцнувањето се настанати некои проблеми околу можноста за осветлување, пуштање на лифт кој е расипан и сето тоа, затоа што како јавна институција мора да работиме транспарентно и да имаме јавна набавка за одржување на лифтовите. Во даденава ситуација, мислам дека има и такви проблеми кои што граѓаните ги тиштат, а тоа е осветлувањето во самите влезови, работењето на лифтовите, затоа што зградите не се на еден или два ката, може да се на пет, има стари и изнемоштени лица кои треба да се качат до петти кат, а сето тоа во некое реално време не е отстрането како дефект. И сакаме да видиме што е како е, каде ги имаме овие проблеми за да може да бидат отстранети.“-вели Грозданов.

Инаку, што се однесува на социјалните станови, директорот на Агенцијата, Грозданов вели дека за жал сеуште има граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик и имаат потреба од решавање на станбеното прашање. Во меѓувреме, тој информираше дека веќе се во градба нови социјални станови во Прилеп, Демир Хисар и Ресен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top